1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово бара прекин на дијалогот со Србија

СН/ агенции
9 март 2017

Приштина сака да бидат суспендирани преговорите со Белград во Брисел сѐ додека не биде ослободен Рамуш Харадинај, кого Србија го сомничи за воени злосторства и бара негово израчување од Франција.

Kosovo Parlament macht Weg für Sondertribunal frei
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Kryeziu

Парламентот на Косово денеска, со 78 гласови „за“ и 1 „против“, ја усвои Резолуцијата за безусловно ослободување на лидерот на Алијанса за иднината на Косово и поранешен премиер Рамуш Харадинај од постапката која се води за него во Франција, по повод барањата на Србија за негова екстрадиција врз основа на обвинението за воени злосторства извршени на Косово во 1998 и 1999 година. Шефот на пратеничката група Алијанса за иднината на Косово (АБК), Паљ Љекај предлагајќи ја резолуцијата истакна дека е постигната согласност од сите пратенички групи за текстот на резолуцијата.

Во неа, покрај безусловното ослободување на Харадинај, се бара дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализирање на односите да се замрзне до ослободувањето на Харадинај и неговото враќање на Косово.

Исто така, со резолуцијата се бара косовската влада од ЕУ да побара да ја обврзе Србија да ги поништи сите налози за апсење на граѓаните на Косово кои ги проследила на Интерпол.

Фотографија: picture-alliance/AA/E. Keci

Владата треба да ги преземе сите потребни мерки и да побара ослободување на Харадинај.

Шефот на пратеничката група Самоопределување, Глаук Коњуфца, рече дека предлогот за резолуцијата е усвоен со усогласување, но оти ставот на Самоопределување е да се замрзне дијалогот меѓу Косово и Србија сѐ додека не се повлечат сите потерници од Србија за граѓаните на Косово.

Харадинај е приведен на 4 јануари на Европскиот аеродром Базел-Милуз-Фрајбург, на територијата на Франција, врз основа на потерницата која против него ја издаде Србија за воени злосторства извршени за време на војната на Косово во 1998 и 1999 година. За негова екстрадиција треба да одлучи апелацискиот суд во францускиот град Колмар на 6 април.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми