1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово беше успешен тест за Балканот

Силвера Падори11 октомври 2008

Осамостојувањето на Косово не го запали балканскиот фитил. Но, останаа многу нејаснотии: ќе профункционира ли ЕУЛЕКС? Ова беа дел од темите на конференцијата во Берлин, за постигнатото по косовската независност.

Косово засилено работи на стабилизирањеФотографија: picture-alliance/ dpa

"Независноста на Косово е неповратна. Признавањето од двете соседни земји Македонија и Црна Гора, натамошното консолидирање на косовскиот устав, кој обезбедува погодности за граѓаните, е показател дека динамиката на натамошните признавање не е прекината, туку ќе продолжи - оваа изјава на Питер Фејт, специјален претставник на ЕУ во Приштина е кусото резиме од конференцијата посветена на постигнатото на Косово во изминативе 120 дена од усвојувањето на уставот.

"

Се обидуваме да ги исполниме нашите обврски. Досега се усвоени 40 закони, кои се во соголасност со планот на Ахтисари. 99 процени од нив се однесуваат на правата на малцинствата и веќе започнаа да се имплементираат на Косово. Но во делови од Косово, посебно во северниот, бидејќи е под директно влијание на Белград, има различни погледи на уставноста “- презентираше дел од постигнатото Хајредин Кучи, вицепремиер на Косово.

Косово или ЕУ?

"

Јасно е дека реално Србија мора да ги расчисти своите односи со Косово на долги патеки . Не може да се замисли дека, доколку на крајот мора да се определи за Косово или за ЕУ, ќе ги задржи позициите, кои се потенцирани тука. Дека Косово е поважно од ЕУ! Тоа е неодржливо. Ова до крај не се дискутирашен но се постави прашањето: замисливо ли е и можно членство на Србија во ЕУ без да го расчисти косовскиот конфликт. И тука од претставниците на меѓународната заедница не се одговори јасно .Очигледно ова прашањето останува отворено “- го коментира текот на Конференцијата, која беше затворена за јавноста, Франц Лотар Алтман од Здружението за Југоисточна Европа од Минхен, кое беше и организаторт на Конференцијата.
Франц Лотар Алтман

"

Од друга страна има една парализа меѓу Србија и Косово, нема движења, ниту посилна соработка на српските Косовари во косовските институциии. И претставникот на Српската влада Оливер Ивановиќ, кој инаку е од Косово, уште еднаш подвлече дека не се помислува на поинтензивна работа во косовските институции. Ова повторно го става за размисла прашањето колку сериозно може да се толкува неодамнешната изјава на претседателот Тадиќ, дека во случај на отсуство на приближување на Приштина и Белград, во игра може да биде и поделбата на Косово.Тој тоа додуша го демантираше, но имаше прилика да види колку негативни се европските реакции“, вели Алтман подвлекувајќи:

"

Српските претставници на Конференцијата едногласно подвлекоа дека не би можеле да имаат интереси за поделба на Косово, зашто таа не би била во полза на Србите кои таму живеат.“

Косово беше тест за Балканот и неговата стабилност. Фитилот не се запали, со што се покажа дека регионалните актери поседуваат зрелост која е добра основа за иднината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми