1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово ги раздвижи дипломатите

12 јули 2007

Брисел е подготвен за продолжение на преговорите. Белград бара преговори без ограничувања, Приштина го губи трпението. Се чека и одговорот од Москва за новата резолуција за Косово.

ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

ЕУ е оптимист дека новата понуда за продолжение за преговорите за Косово ќе донесе напредок. За претседавачот со ЕУ, Португалија предвидениот рок од шест месеци е прифатлив. Шефот на португалската дипломатија Филипе Маркеш Амато денеска изјави дека крајната цел на ваквата одлука е да се пронајде компромис. Призна дека решавањето на косовското прашање и е најголема грижа на ЕУ.

И високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана се надева на напредок во преговорите за статусот на Косово. Евродипломатот на средбата во Париз со францускиот претседател Никола Саркози денеска повтори.

” За ЕУ е многу важно во Советот за безбедност да биде донесена резолуција бидејќи веруваме во ОН. Ќе ги продолжиме разговорите, ќе контактираме со членките на СБ и Русија и се надевам дека ќе дојде до напредок. "

Новата нацрт резолуција за Косово денеска пристигнала на разгледување во Москва. Од министерството за надворешни соопштија дека ставот ќе го соопштат за неколку дена оти се работи за обемен материјал. Според медиумите можно е за неа да се гласа веќе в понеделник.

Белград поддржува преговори, но тие да не бидат временски оганичени. Министерот за надворешни, Вук Јеремиќ изјави дека не е потребна нова резолуција и дека договорот треба да се бара во рамките на постоечката 1244 во која се гарантира територијалниот интегритет на Србија.

И Приштина е подготвена на преговори потврди премиерот Агим Чеку по вчерашната средба со Солана во Брисел, но побара од ЕУ краен рок во кој ќе се изгласа резолуцијата за независно Косово.

” Видовме дека постои единствен став во ЕУ околу поддршка на планот на Марти Ахтисари. Тие сакаат решение преку Советот за безбедност, а тоа е и наш став. Но, сметаме дека е се поизвесно дека Советот за безбедност нема да понуди прифатливо решение. Сакаме заедничко прифатливо решение но не можеме да чекаме долго”. Следното чекор би била еднострано прогласена независнот.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер денеска ги предупреди лидерите на косовските Албанци дека таквото решение би било неразбирливо и погрешно. Според Штајнмаер притисокот за еднострано прогласување независност ќе расте, но тој и понатаму гледа шанса за долгорочно политичко решение на косовското прашање.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми