1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово главна тема во Брисел

12 февруари 2007

Шефовите на европските дипломатии денеска во Брисел разговараат за неколку светски проблеми. Постигнаа договор околу примена на санкциите за спорната иранска нуклеарна програма. Сега на дневниот ред е Косово и односите на Унијата и Белград.

Советувања пред почетокот на средбата
Советувања пред почетокот на средбатаФотографија: AP

Иднината на Косово е централна тема на денешниот состанок на дваесет и седуммината. Специјалниот пратеник за Косово на ОН, Марти Ахтисари им го претставува својот план во кој предлага надгледувана независност за Косово во рамките на Србија. Белград и неговите сојузници во Русија, земја која може да стави вето на конечната одлука во Советот за безбедност, го одбиваат планот на Ахтисари во сегашната форма. Наспротив нив, ЕУ го поддржува предлогот. Тоа уште еднаш го потврди и германскиот министер за надворешни и ЕУ претседавач, Франк Валтер Штајнмаер, кој се надева дека Русија нема да го употреби правото на вето:

“Сега треба понатаму да разговараме со Русија за предлог планот на Ахтисари. Се надевам дека ќе пронајдеме решение со кое ќе се задржи стабилноста на Балканот”.

И високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана пред средбата изрази оптимизам дека планот на Ахтисари ќе добие поддршка од сите министри:

“Се надевам дека ќе имаме голема поддршка и таа ќе биде единствена”, рече Солана според кој најновите случувања на од викендот во Приштина не претставуваат крај на предлозите на Ахтисари со оглед на тоа што и косовските власти ги осудиле настаните.

И шефицата на австриската дипломатија Урсула Пласник најостро ги осуди последните немири на Косово.

“Ваквите немири воопшто не се добра вест, особено не во сегашната ситуација. Сега е многу важно да се настапи со смирување на ситуацијата,” рече Пласник.

Советот за безбедност на ОН треба во март да гласа по конечниот предлог за статусот на Косово. На денешниот состанок министрите ќе дискутираат и за евентуалното обновување на преговорите за Стабилизација и Асоцијација со Белград, иако главниот обвинет пред хашкиот трибунал, поранешниот српски генерал Ратко Младиќ е се уште на слобода.

Евродипломатот Хавиер Солана се залага на Србија да и се даде поддршка:

“Сметам дека мора да и испратиме позитивен сигнал на Србија каде сега се формира нова влада.Тоа е ова надеж, дека земјата ќе се приближи кон Европа, кога ќе ги исполни бараните услови”.

До сега ЕУ цврсто стоеше на ставот дека преговорите ќе останат замрзнати до испорачувањето на екс генералот во Хаг. Од кругови во Брисел се дознава дека Унијата сака да ги олабави строгите барања, но сепак не се знае дали ќе дојде до евентуални отстапки во однос на Србија во Унијата. Како што се дознава Белгија, Холандија и Финска се уште инсистираат прво израчување на Младиќ па продолжување на преговорите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми