1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: гласачите ги казнија владејачките партии

БГ
7 октомври 2019

Двете опозициски партии во Косово однесоа победа на предвремените парламентарни избори во земјата, но ќе мораат да коалицираат за формираат влада. Тежок пораз на досегашниот премиер Рамуш Харадинај.

	
Kosovo Parlamentswahl 2019
Фотографија: AFP/A. Nimani

Левичарското Самоопределување води на изборите во Косово, но ќе мора да коалицира со уште најмалку две партии за да формира нова стабилна влада во некогашната српска покраина. Според првичните неофицијални резултати, Самоопределување освоило 26 отсто од гласовите, пред централно-десната Демократска лига на Косово (ЛДК) со освоени 25 проценти.
За време на кампањата, лидерите на двете партии најавија дека би коалицирале меѓусебно, но за стабилно владеење ќе им биде потребна поддршка и од една партија на малцинствата- Србите, Турците или Бошњаците- кои заедно контролираат 20 места во парламентот.

На четвртите парламентарни избори откако Косово прогласи независност во 2008 година, партиите предводени од поранешните припадници на ОВК претрпеа убедлив пораз. Досегашниот премиер Рамуш Харадинај, кој поднесе оставка на функцијата откако беше повикан на распит пред судот за воени злосторства во Хаг, освои 11,5 проценти од гласовите. На трето место е Демократската партија на Косово со освоени 21 отсто од гласовите.

Лидерот на Самоопределување Албин Курти ќе добие мандат за состав на новата влада на КосовоФотографија: picture-alliance/dpa/V. Kryeziu

„Ќе сторам се за да имаме влада во најкус рок затоа што сме при крајот на годината и мораме да го изгласаме буџетот“, изјави лидерот на Самоопределување Албин Курти, кој ќе го добие мандатот за состав на новата влада.
„Вечерва нема да затропам на вратата на ЛДК, но ќе го сторам тоа веднаш наутро. Немаме време за губење“, изјави Курти.
Излезноста на изборите беше 44 проценти, но во резултатите не се вклучени гласачите од дијаспората кои традиционално гласаат за Самоопределување.
„Луѓето во најголем дел гласаат за него (Албин Курти, н.з.) затоа што сметаат дека тој е човекот кој ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе отвори работни места и ќе ја подобри економијата“, изјави главниот уредник на весникот Коха Диторе, Агрон Бајрами.
Изборите во Косово беа набљудувани од над 34 илјади независни монитори. Не беа забележани поголеми инциденти, но полицијата соопшти дека уапсила најмалку 20 луѓе поради тоа што ги фотографирале своите гласачки ливчиња.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми