1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово го прифати договорот меѓу КФОР и Србија

4 август 2011

Премиерот Хашим Тачи синоќа и денеска имаше средби со командантот на КФОР, геренал Ерхард Билер, на која била постигната согласност и од косовска страна.

Фотографија: picture alliance/dpa

Во првите реакции доцна синоќа, косовската влада го отфрли нацртот на спогодбата како неприфатлив. Косовската влада синоќа истакна дека нацрт-спогодбата, сочинета во три точки, е неизводлива на територијата на Косово, па затоа владата ќе продолжи да ги почитува реципрочните мерки во трговската размена со Србија.

Рамковниот договор за решавање на кризата на северот на Косово синоќа го постигнаа командантот Билер и претставниците на владата на Србија министерот Горан Богдановиќ и дипломатот Борко Стефановиќ. Според договорот, меѓународните сили до средината на септември, а доколку е потребно и подолго, ќе ја задржат контролата над спорните гранични премини Брњак и Јариње. Договорот предвидува барикадите на патиштата, кои водат кон овие премини поставени од косовските Срби, да бидат отстранети и повторно да биде воведена слобода на движење.

Меѓународните сили привремено ќе ја преземат контролата врз спорните гранични преминиФотографија: picture-alliance/dpa

Договорот може да стапи на сила за неколку дена

Во соопштението на Главната команда на КФОР во Приштина беше наведено дека моменталниот систем на контрола на премините Јариње и Брњак треба да остане ист до средината на септември, а ако биде потребно тоа да се продолжи. КФОР ја има командата на премините и ги контролира процедурите.

Договорот може да биде применет во текот на наредните денови соопшти Главната команда на меѓународните мировни сили на Косово, според која командантот Билер имал целосно овластување на сите одговорни институции за разговори со претставниците на Србија.

Денеска амбасадорите на земјите-членки на ЕУ кои се задолжени за надворешно-политички прашања во Брисел одржуваат вонреден состанок, на кој расправаат за кризата во северниот дел на Косово.

Досега 22 земји членки на Унијата ја признаа независноста на Косово, а пет се’ уште не.

Автор: ТТ/ СН/ АT/ бета/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми