1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово е испит на европската политика

18 октомври 2007

Во понеделник во Виена продолжуваат преговорите помеѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. . Експертот за надворешна политика, Корнелиус Адебар, е уверен дека конечното решение зависи од единството во ЕУ

Од претходните преговори во ВиенаФотографија: AP

Корнелиус Адебар од германското друштво за надворешна политика смета дека решението за статусот на Косово е испит за успешната надворешна политика на ЕУ. Според неговите оценки, Унијата барем внатрешно се консолидирала. Ги отстранила спорните прашања за уставот, во областа на надворешните работи нема повеќе спорови. Се поставува прашање што е во состојба Брисел да направи доколку не може да го реши проблемот со Косово?

„ЕУ Косово ја мачи уште од 1999 година. Прашањето за статсуот на покраината сеуште не е решено. Но едно е јасно, веќе не се поставува прашањето за воена интервенција, туку се бара решение низ преговори„

Во однос на забелешките дека членството во ЕУ би значело поттик за решение меѓу Албанците и Србите, Адебар вели:

„ Косовските албанци сакаат да станат членка на меѓународните организации, Косово да стане дел од ОН. Меѓутоа доколоку независноста биде прогласена без согласност од страна на Србија и без резолуција на советото за безбедност, тогаш мислам дека Косово нема да стане дел од ОН. Пред се Русија ќе го искористи правото на вето за да спречи такво нешто. Косово нема да влезе ниту во ОБСЕ бидејќи Србија може да се спротивстави„

Адебар смета дека Косово не е главно прашање ниту за Русија ниту за САД. Правото на вето е единствената можност за Русија за мешање во европските прашања. На Вашингтон и Москва според него повеќе им одговара решението да произлезе од Брисел

„ Путин и Буш во Кенетбанкпорт во јули се договорија да не се расправаат околу Косово. Според тоа и на двете страни би им одговоарало решение на ЕУ. Решение кое би им овозможило да го зачуваат образот„ смета Корнелиус Адебар

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми