1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово е рај за шверцерите

5 јуни 2008

Прашањето за Косово во ОН е блокирано со руското вето. ОН и ЕУ преговараат околу нивното идно присуство таму. Додека траат натегањата во Њујорк, Косово станува Елдорадо за мафијата, а властите беспомошно гледаат

Во северно Косово царува беззакониетоФотографија: picture-alliance/ dpa

Порано во северно Косово беше луксуз да се вози автомобил. Денеска овде бензинот е најевтин во Европа, се продава на улица исто како и на бензиски пумпи,чини 80 центи литар.Трговците често го продаваат во шишиња од Кока кола. На 19 февруари, два дена откако косовските Албанци прогласија независност, Србите нападнаа два гранични пункта и царинска контрола на северот на Косово. Полицијата на ОН и граничарите избегаа, зградите изгореа. Белград ја презеде одговорноста за акцијата. Тоа беше негов знак дека никогаш нема да се помири со отцепувањето на Косово.


Нема царинска контрола на границата

Меѓу Србија и Косово оттогаш нема царински контроли. ОН, очигледно од страв од нови нереди, го толерира ова беззаконие. Тоа за жал им користи на албанските и на српските шверцери. Редици цистерни секој ден донесуваат бензин од Србија. Српската царина им го враќа данокот на додадена вредност. На границата кон Косово стојат војници од мировните сили КФОР, кои ги контролираат само пасошите. Возачите теоретски се обврзани да го платат данокот во следната царинска управа во Косово, но тоа ретко некој го прави. Бензинот го продаваат на црно. Од тоа профитираат и косовските Албанци, кои резервоарите ги полнат во северниот, српскиот дел од Косовска Митровица.


Безвластие од кое многумина профитираат


Северниот дел на Косово стана сива зона, во која не владее правото. Косоварската и меѓународната полиција немо и беспомошно посматраат, вели новинарот Муса Мустафа од косовскиот весник Коха Диторе. Тој тврди дека во шверцот се вплеткани и косовски и полицајци од ОН. Овој сомнеж го потврдуваат и службениците кои неодамна беа испратени од Приштина за да ја надгледуваат работата на полицијата. Власта во јужниот, албанскиот дел од Косовска Митровица веќе долго ја има мафијата. Тоа се пред се поранешни борци на УЧК, кои земаат рекет од фирмите. А проблемот што се толерира ваквата состојба, лежи во меѓународната политика. Заедничкиот отпор на српското малцинство, Белград и Москва против независноста на Косово ја подели светската заедница. Во моментов меѓу ОН и ЕУ жестоко се спори околу планираната мисија ЕУЛЕКС. Бидејќи европската мисија нема мандат од ОН, мора да остане управата УНМИК. Еден висок дипломат на мисијата на ОН во Приштина вели дека стравува од ново избивање насилство поради несогласувањата меѓу Њујорк и Брисел. Еуфоријата кај косовските Албанци одамна ја нема, полека се пробива сознанието дека независноста не е волшебно стапче, пишува весникот „Зиддојче цајтунг.“






Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми