1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово ,, жешка тема“ во меѓународните кругови

29 ноември 2005

Престојните преговори за статусот на Косово, како и тоа како тој ќе се одрази на соседните земји и во регионот се се пожешка тема во меѓународните кругови.

Хавиер Солана
Хавиер СоланаФотографија: AP

Во последно време се врти варијантата ,, ограничен суверенитет“ како решение за покраината, но таквата идеја се уште им е непозната на властите во Белград.

Потпретседателот на српската влада, Мирослав Лабус за варијантата ограничен суверенитет за Косово првпат слушна вчера во Берлин. Косово беше една од темите за кои Лабус разговараше со германските авторитети и со учесниците на конференцијата посветена на Југоисточна Европа.

,, Тоа е една од новостите што ги слушнавме, но околу тоа немаше понатамошна расорава. Но мислам дека она што беше нагласено, е инсистирање на заштитата на човековите права на Косово“.

Според зборовите на Лабус, германските претствници биле изненадени од цврстиот став на Белград во врска со Косово, за неделивост на териториите при решавањето на статусот на покраината. Српскиот потпретседател на владата, во Берлин нагласи и дека мошне важна улога во тој процес ќе имаат соседните земји.

,, Ако сме добри соседи и ако го продолжуваме развојот на добрососедските односи тоа мошне силно ќе го забрза процесот на приклучување во ЕУ“.

Релациите меѓу балканските земји од аспект на косовското прашање, на евромедитеранскиот самит во Барцелона ги коментираше и високиот европретставик за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана. На прашањето дали постои поврзаност меѓу косовскиот процес и најавите за референдум за независност во Црна Гора, Солана рече:

,, Тешко е да се каже. Но подобро е да не се игра со такви прашања , бидејќи ако делуваат во негативна форма еден кон друг тоа не би било пожелно. Црна Гора има право на референдум за независност, но поважни се условите под кои тој ќе биде реализиран“ рече Солана кој не одговори директно дали Подгорица треба да го почека решавањето на косовскиот статус.

,, Не мислам дека сред расправата за референдумот за независност треба да се зборува и за негово одлагање, бидејќи тоа само би го свртило вниманието. Во тој случај, сметам дека би било подобро референдумот да се одложи“ посочи високиот европретставник.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми