1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За пријателството нема граници

Идро Сефери
10 октомври 2020

Од војната во 1998/99 година, Србите и Албанците на Косово живеат главно во паралелни светови. Албанката Диелза и Србинката Ангела не и' дозволуваат на политиката да го расипе нивното пријателство.

Kosovo Straßenszene in Pristina
ПриштинаФотографија: DW/B. Shehu

Приштина е полна со живот, барем на прв поглед. Статистиката, пак, кажува нешто друго: младите Албанци со години се иселуваат во странство, ги привлекува можноста за подобра заработувачка.

Да се остане или да се замине? Ова прашање ја мачи и Диелза Геци. 24-годишната студентка од Дреница студирала во Приштина. Сега работи, но платата ни оддалеку не ѝ стигнува за сѐ.  А, патот кон успехот е боцкав и долг.

„За да живеат добро на Косово, младите мора да бидат креативни и да работат напорно. Во спротивно, веројатно ќе завршат во кафулињата и таму ќе разговараат за тоа како да стигнат во Германија или Америка и веќе да не се вратат назад. Сето тоа е резултат на политичката и економската ситуација на Косово. Ние сме земја во Европа со најголем процент млади луѓе, но истовремено сме и најизолираната земја, вели Диелза.

За да влезат во ЕУ на Косовците им е потребна виза. Иако војната е завршена пред повеќе од 20 години, преговорите со Србија и натаму траат, а со тоа и политичката и економската несигурност.

„Не може ништо да се планира, зашто постојано си во дилема - да останам или да заминам. Кога ќе помислиш на сите проблеми кои те очекуваат ако останеш, се збркуваш. Те погаѓа. Стануваш емоционално нестабилен и само мислиш како да преживееш“, раскажува Диелза.

Слично размислуваат и младите Срби во Косово. Во Грачаница, центарот на Србите во јужно Косово и недалеку од Приштина, економската ситуација не е воопшто подобра. Многумина ја напуштија земјата. Оние кои се останати се снаоѓаат како знаат и умеат.

Ангела Мирковиќ е една од нив. За да преживее мора да работи на повеќе места - во невладини организации, предава српски јазик, сѐ до продавање училишен материјал во мала книжарница која ја водел нејзиниот покоен татко. Па, сепак, Ангела не сака да го напушти Косово.

„Ова е мој дом. Во Грачаница живеам 24 години и немам намера да го напуштам родниот град. семејството ми е овде, овде сум родена и израсната и овде и работам. Себеси се гледам овде, работам на себе, на моето образование и би сторила сѐ за да им помогнам на другите, потенцира Ангела.

За пријателството нема граници

05:06

This browser does not support the video element.

Од крајот на војната Србите и Албанците на Косово живеат во голем дел разделени и избегнуваат контакти едни со други. Ангела и Диелза имаат поинаков став. Тие со години се блиски пријателки. Ги обединил фолклорот. Секоја танцува на свој начин, во своја носија, која не може лесно да се облече ако не ти помогне некој.

Секој треба да ја прифати културата на другиот. Културата треба да ги обединува, а не да ги разединува луѓето. Пријателства меѓу Срби и Албанци се можни, велат двете пријателки, иако тоа на на многумина не им изгледа така.

„За мене на почетокот беше навистина едноставно да се спријателам со Диелза и да ја заборавам за момент оваа историја која нѐ опкружува. Кога еден Србин и еден Косовец ќе се спријателат, секогаш е исто. Нашето пријателство генерално се смета за лажно, вели Ангела, а Диелза додава:

„На почетокот беше тешко, се запознаваш... Како што рече и Ангела, меѓу нас има хемија, но луѓето сѐ политизираат. Но, тогаш ќе видат дека си останал пријател, дека имаш заеднички активности и сѐ се нормализира.“

Диелза не знае српски, а Ангела не знае албански. Разговараат на англиски и тоа воопшто не им пречи. Зашто, иако се разликуваат по етничката припадност, религијата и минатото, нив ги поврзува најважното нешто - пријателството.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми