1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово, идниот статус: возот тргнува, но во која насока?

26 јануари 2005

Годинава, како што е од порано најавувано, треба да биде клучна за иднината на Косово. Минатогодишните мартовски безредија ја актуелизираа дискусијата околу прашањето за дефинитивниот статус на формално српската покраина, а де факто протекторат под управа на ОН. Светската организација се’ уште не изгради јасен став дали Косово во иднина треба да биде независна држава, две поделени мали државички или рег

Зградата на косовскиот парламент во Приштина
Зградата на косовскиот парламент во ПриштинаФотографија: DW

�ларна српска покраина. Во меѓувреме Меѓународната кризна група (МКГ) се заложи за независност на Косово, а вчера на конференција во Брисел ги претстави поподробно своите предлози.

МКГ, врз основа на анализа на конкретните политички околности на Косово, на 37 страници ги изложи своите препораки за иднината на покраината. Цел на авторите била да поттикнат политичка дискусија, да ја освестат меѓународната заедница и да ја наведат да тргне во јасна насока. “Време е да се избрише прашината од овие акти и да се соочиме со неколку многу тешки решенија. Првиот чекор, сметам, е да се осознае дека едноставно веќе не може натамошно да опстои статус кво” – рече во Брисел Гарет Еванс, претседател на МКГ.

Таа предлага конкретен временски план за решение на прашањето на статусот во насока кон независност. Од средината на наредната година, според нејзините гледања, косовската влада треба суверено да владее. Меѓународна контрола треба да биде вршена само во форма на мониторинг-мисија составена од персонал на ОБСЕ и ЕУ. До суверенитетот на Косово би требало да водат повеќе етапи: колку што е можно побргу специјален ополномоштеник на ОН да започне разговори за статусот и да подготви соодветна предлог-спогодба. До есеноска треба да биде подготвен нацрт-устав, а до крајот на годинава да се одржи голема меѓународна конференција која треба да ги потврди двата документа. Во почетокот на 2006-та Косоварите, според предлозите на МКГ, треба да гласаат за уставот. Но, планот би важел само со исполнување на најмалку два услова: “Ни оддалеку не е прифатлива никаква форма на поделба на Косово како темел за договор за дефинитивниот статус” – рече Гарет Еванс. Вториот услов е заштитата на малцинствата на Косово, пред се’ на српското. “Ние и владата сега се концентрираме врз главните приоритети, што значи заштита на малцинствата, и ако тоа прашање не се разјасни, тогаш нема да напредуваме. Стандардите, односно приоритетите мора да бидат исполнети пред да можеме да одиме во насока кон разговори за статусот” – укажа во Брисел Ким Фрајдберг од УНМИК. Тој, инаку, бил фасциниран од планот и во Приштина ќе се обидел да постапува според него.

Но, планот предизвика и жестоки спротивставувања. Миша Ѓурковиќ од Институтот за европски студии во Белград и советник на српскиот премиер Коштуница, критикуваше дека планот е едностран: “Оваа цела стратегија значи кршење на меѓународно признатите документи, како на пример Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и завршниот акт од Хелсинки, и ќе предизвика затегнатост и домино-ефект во регионот”.

МКГ на очекуваните критики од Србија или Русија има еден одговор: “Суштинската порака што меѓународната заедница сега би требала да ја испрати кон Белград е дека ’возот тргнува, со или без вас‘” – рече Гарет Еванс. Но, на каде ќе оди возот и кога ќе стигне, тоа не е сосем јасно ни по презентацијата на извештајот за иднината на Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми