1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Избори во невреме

Бахри Цани
13 февруари 2021

На 14 февруари Косово избира нов парламент. Со оглед на корона-пандемијата, големите политички и економски проблеми и тековниот проблем со Србија, формирањето влада ќе биде тешко.

Kosovo Wahlen | Wahlzentrum in Pristina
Фотографија: Reuters/F. Goga

Косово, најмладата држава во Европа, наскоро може да ја надмине Италија по бројот на сменети влади во кус рок. Од независноста (2008) до сега ниту една влада не останала до крајот на својот легислативен мандат. Во 2020-та, годината на корона, две влади беа соборени, а и претседателот мораше да си даде оставка.

Поради кризата од пандемијата, огромните внатрешнополитички и економски проблеми, како и нерешениот спор со Србија, на која и' припаѓаше се' до војната во 1999-та, и номинално уште 12 години до независноста – Косово сега е политички и економски парализирано и оди кон уставна криза.

Минатиот ноември, шефот на државата, избран во 2016 година, Хашим Тачи од Демократската партија на Косово (ПДК), мораше да поднесе оставка поради обвинение од Специјалниот суд за воени злосторства во Хагза воени злосторства и злосторства против човештвото. Оттогаш претседателката на парламентот, Вјоса Османи извршува двојна функција и како претседател на државата. Според Уставот, најдоцна до шест месеци мора да се избере нов претседател.

Како ова да не беа доволно проблеми, на крајот на декември 2020. и изборот на актуелната влада беше прогласен за неважечки од страна на Уставниот суд. Сега граѓаните на Косово в недела (14.02.2020), по само 15 месеци, повторно треба да излезат на гласање. И потоа новоизбраниот парламент ќе мора со двотретинско мнозинство во предвидениот рок да избере и нов претседател.

Предвидлив победник со предвидливи потешкотии

Набљудувачите се согласни дека изборната коалиција околу левоориентираната партија Самоопределување (ЛВВ) ќе освои најмногу гласови. И покрај тоа, формирањето влада и навремен избор на нов претседател ќе бидат исклучително тешки, бидејќи најголемиот дел од останатите политички сили во Косово не сакаат коалиција со ЛВВ.

Јасно е дека преодната претседателка Османи, заедно со првиот човек на ЛВВ и долгогодишен радикален опозиционерАлбин Курти,ќе бидат заедно на списокот на ЛВВ. Двајцата се стремат кон премиерската и претседателската фотелја. Но за тоа дали ова функционира од процедурална и уставна гледна точка, на Косово подолго време се води жестока дебата.

Проминентни политичари не се кандидираа

Сигурно е и тоа дека на овие избори за првпат на листите ќе недостасуваат политичари кои се познати како команданти на УЧК: голем дел од нив се на обвинителна клупа во Ден Хаг заедно со поранешниот претседател Тачи.

Но, дури и најважниот опозициски политичар и веројатен победник на изборите, Курти, има проблем. Според пресуда на Уставниот суд, тој три години не смее да извршува никаков политички мандат. Беше осуден во 2015 година за фрлање солзавец во парламентот.

Борба за второ место

Најстарата албанска и актуелна владејачка партија во земјата, Демократската лига на Косово (ЛДК) и партијата на Тачи, Демократската партија на Косово (ПДК), која сега ја води поранешниот вицепремиер Енвер Хоџај, се борат за второто место. Ниту една од нив не би се согласила на коалиција со ЛВВ. Но, длабока е поделбата и меѓу овие две партии. Тоа отежнува секакво формирање на коалиција.

Косовскиот парламент има 120 места. Уставот на мултиетничката држава предвидува „позитивна дискриминација“, според која 20 парламентарни мандати автоматски одат кај малцинството кое е 10% од вкупното население. Десет места се за косовските Срби, а останатите десет се за Роми, Бошњаци, Ашкали, Египќани и Турци. За малцинствата се резервирани и две министерски места. Без нивна соработка на Косово не може да се формира влада.

Најголемиот предизвик

Во светло на корона-пандемијата изборите се случуваат во веројатно најлошо можно време. Во одредени моменти бројот на заразени и починати од корона беше драматично висок. Со месеци во земјата е на сила строг карантин. Па, сепак предизборните собири често се одржуваат без да бидат запазени сите протоколи за дистанца и носење маски.

Долнително, економската состојба на Косово, кое важи за „сиропиталиште во Европа“, со години е лоша. Невработеноста е околу 40%. Помирувањето со Србија кое би придонесло за подобрување на ситуацијата е заглавено – ниту една од големите партии на Косово во изборната кампања не се обврза на дијалог со Белград, бидејќи секоја отстапка за стариот непријател би значела загуба на гласови.

Истовремено е јасно дека најголемиот предизвик на идната влада ќе биде дијалогот со Србија. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми