1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово и Кавказ - има ли сличност?

Рефки Алија28 август 2008

Kосовските аналитичари и политичари се единствени - руското признавање на Јужна Осетија и Абхазија нема никаква врска со Косово. Косово беше федерална единица како што е Грузија,но тоа не беа и сепаратистичките области.

Знамето на КосовоФотографија: picture-alliance/ dpa

Сепаратистичките грузиски области Јужна Осетија и Абхазија не може да се споредат со Косово така што ниту одлуката на Русија да ги признае нема да се одрази на ситуацијата во Косово и понатамошниот процес на признавање, оценуваат властите во Приштина. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу беше категоричен во изјавата дека Косово е посебен случај и не може да се користи како оправдание за други територии.

Власи: не може да има никаква споредба

Поранешниот политичар Азем Власи, а сега познат адвокат од Приштина, исто така смета дека овие два случаја никако не може да се споредат.

„Таму проблемите останаа од распадот на Советскиот сојуз како што и овде останаа проблеми со распадот на Југославија. Но, позицијата што ја имаше Косово како федерална едница, тоа може во овој контекст да се спореди само со Грузија. Таа исто така беше федерална единица во Советскиот сојуз и сега е самостојна и независна држава. А нејзините две провинции, Абхазија и Јужна Осетија никогаш не биле федерални единици на Советскиот сојуз,“ аргументира Власи. Според него, сличноста е само во тоа што Русија во случајот на Јужна Осетија и Абхазија и понатаму покажува „империјалистички претензии што може повеќе да задржи во своите рамки, исто како што Србија покажува такви тежнеења кон Косово.“

Печи:одлуката нема толку да влијае врз Косово

Политичкиот аналитичар Љуљзим Печи смета дека одлуката на Москва повеќе може да води кон заострување на односите меѓу Западот и Русија, отколку што ќе има некакво влијание врз Косово.

„Меѓународните односи се многу замаглени, кога станува збор за односот на малите држави кон случувањата во Грузија. Во најделикатна ситуација во моментов е Србија, којашто до сега мислеше дека Русија и е најголемиот сојузник. Сега Русија работи против интересите на Србија, бидејќи ја призна независноста на сепаратистичките републики во Грузија“, заклучува Печи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми