Косово и човековите права
23 август 2004
Меѓународните преставници го истакнаа значењето на спогодбата која ќе овозможи примена на конвенцијата за заштита на правата на малцинствата и европската конвенција против нехуманиот и понижувачки однос и казнување, како значаен чекор на патот на Косово кон Европа.
Косовскиот претседател Ибрахим Ругова по средбата со Валтер Швимер истакна дека спогодбата е од историско значење за Косово и претставува чекор напред кон негово приближување кон Европа и евроатлантските структури.
Двата потпишани документа според Валтер Швимер, се од големо значење за луѓето на Косово, кои според него треба да ги уживаат истите права како и европските граѓани.
Комитетот на министри на Советот на Европа, со помош на УНМИК ќе го следи остварувањето на конвенциите на Косово
Подоготвеност за остварување и заштита на човековите права искажа и косовскиот премиерот Бајрам Реџепи