1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Купување гласови и фалсификати

ЕМФ/дпа7 јуни 2014

Нема многу држави во кои изборите се одвиваат како во Косово, каде речиси никој не се возбудува поради купување гласови или фалсификувани изборни списоци. Можно е одзивот да биде и над 100%, се вели во анализата на ДПА.

Фотографија: SASA DJORDJEVIC/AFP/Getty Images

Во текстот посветен на утрешните (08.06.) избори на Косово, агенцијата ДПА на почетокот констатира дека „српското малцинство ги повлече своите закани за бојкот непосредно пред парламентарните избори“, објаснувајќи дека Србите не сакале да учествуваат на гласањето „поради косовскиот грб на избирачкото ливче“, но дека „под силен притисок од Беглрад, сега сепак се премислија“. Во анализата на ДПА натаму се вели:

„Но, тоа е само еден од многуте тешки проблеми во најмладата европска држава. Европската ‘куќа на сиромашните‘ важи за една од најкорумпираните земји во регионот. Иако премиерот Хашим Тачи, кој владее веќе 6 години, не успеа да и‘ даде полет на лошата економија, тој се‘ уште важи за еден од најпопуларните политичари. За изградба на функционална администрација малку можеше да придонесе и најголемата мисија на ЕУ во странство - Еулекс. Но корупцијата, безбројните афери и сомневања за врски со мафијата не ја оптоваруваат само партијата на Тачи, ПДК. И втората по големина политичка сила во земјата, опозиционата ЛДК со Иса Мустафа на водечката позиција, важи за сомнителна во оваа насока. Неодамна беа уапсени десет членови на ЛДК во градската управа на Приштина поради обвинувања за корупција.

Хашим Тачи се‘ уште важи за еден од најпопуларните политичариФотографија: Reuters

Оттука, не зачудува воопшто што на последните избори во 2010 година, околу 45% од избирачките кутии биле предмет на манипулации, проценува аналитичарот Наим Рашити. Затоа не е за чудење што двете најважни партии, и покрај силниот меѓународен притисок, ја спречија реформата на изборниот закон. Јавна тајна е дека партиите, по правило, се зависни од мал број олигарси, кои со купување гласови и манипулации на избирачкиот список имаат поголемо влијание врз исходот на изборите отколку самите граѓани. Не се очекува дека на Косово и во иднина нешто темелно ќе се промени, со оглед на тоа што кандидатите за влез во парламентот се главно познати лица“, се вели, меѓу другото, во анализата на агенцијата ДПА и се заклучува:

„Според податоците од Државната изборна комисија дадени неделава, право на глас имаат речиси 1,8 милиони граѓани. Тоа е отприлика исто како и вкупниот број жители на Косово. Со оглед на тоа што и на Косово децата немаат право на глас, набљудувачите сметаат дека избирачкиот список е манипулиран. За српското малцинство, според Уставот, се резервирани 10 од 120-те места во Парламентот, така што е можно тие при составувањето на Владата да имаат одлучувачки збор“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми