1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово навестува прогласување независност, Србија предупредува да не се повлекуваат еднострани потези

7 јули 2007

Деновиве германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер на одвоени средби разговараше со претседателот на Косово и со министерот за надворешни работи на Србија

Луиш Амадо го презеде од Франк-Валтер Штајнмаер претседавањето со Советот на ЕУ.Фотографија: AP

Деновиве се под знакот на интензивни контакти на релација ЕУ – Западен Балкан. Паралелно се одвиваат два процеса, во крајна линија со иста цел: да се потврди европската перспектива на регионот како главен поттик за негови реформи, и во светлината на таа перспектива да се најде и решение за главниот проблем – Косово.

Португалскиот министер за надворешни работи Луиш Амадо денеска е во Загреб, каде дојде по посетата на Скопје. На Балканот Амадо дојде на шестиот ден откако неговата земја го презеде претседателствуавњето со ЕУ. Дестинациите не се случајни м- Македонија има статус на кандидат и очекува термин за почеток на преговори за пристап, а Хрватска веќе води такви преговори.

Косово е најголемиот и и натаму отворен проблем за Балканот и ЕУ: Косоварите не прифаќаат ништо друго освен независност и сметаат на подршката од САД. Решение со согласност на обете страни не е на повидок, а Србија и Русија се против било каква друга варијанта. Европејците и натаму полагаат врз дипломатија.

Но, на вчерашните разговори со српскиот претседател Борис Тадиќ во Брисел не е постигната согласност. „Србија ги брани својот територијален интегритет и суверенитет и ние го правиме тоа заради Србија, но и заради меѓународното право“ – нагласи Тадиќ. Претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо по средбата рече: „Од српските власи строго побаравме целосно да соработуваат со нас и да ни помогнат да го решиме косовското прашање“.

Преговорите за Косово во рамките на ОН не напредуваат, па во самото Косово се’ посилно се размислува за еднострано прогласување независност. Американскиот претседател Џорџ Буш веќе најави дека би го признал независно Косово.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу при посетата на Берлин недвосмислено стави на знаење дека се надева на слична солидарност и од Германија: „Се разбира дека и ние сме за заедничка резолуција на ОН. Но, ако Русија и натаму го блокира решението, тогаш Косово нема долго да остане заложник на таа стратегија на одолговлекување. Тогаш ние сме принудени да одиме по друг пат и очекуваме дека и Германија ќе ја подржи независноста на Косово“.

Но, германскиот министер за надворешни работи не сака да се впушта во тоа и се надева на компромис. За тоа, пак, Американците мораат во Советот за безбедност да бараат консензус со Русија. „Од различни причини нашите напори мора да бидат насочени кон изградување заеднички став во Советот за безбедност, за да создадеме јасна меѓународноправна основа. Второ, посакувам европскиот глас да остане заеднички, а тоа би можело да биде доведено во опасност ако западнеме во процес на еднострано признание“, рече Франк-Валтер Штајнмаер.

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој исто така го посети Берлин, изјави дека Србија сака при барањето решение за проблемот да биде конструктивен и одговорен партнер. Но, тој предупреди од последиците на прогласување независност на Косово. „Сите вмешани актери би сакал категорично да ги одвратам од повлекување еднострани чекори. Долгорочно тоа нема да и’ помогне на ниедна страна и со тоа се оддалечуваме од мирот и стабилноста. Се’ едно како натаму ќе се одвива процесот, мораме да ги одржиме мирот и стабилноста во регионот. Многу се надевам дека ќе нема еднострани постапки“ – рече министерот Јеремиќ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми