Косово најавува уште три мерки против Србија
11 декември 2018![Kosovo Serbien l Alltag in Mitrovica - Obstmarkt](https://static.dw.com/image/46474235_800.webp)
Косово размислува за воведување на уште три мерки против Србија. „Во прашање се три мерки кои се слични на мерката за таксите од 100 отсто, а кои се однесуваат на признавањето документи, на забраната за влез на возила со таблички на Србија, како и за регистрацијата на странски компании што го снабдуваат Косово од Србија“, изјави Хаки Шатри, економски советник на косовскиот премиер Харадинај. Одлука за ова сѐ уште не е донесена, но дискусијата е во тек.
На 21 ноември владата на Косово воведе нови царини од 100 проценти на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, со цел, како што беше објаснето, зајакнување на домашното производство, економијата и косовската државност.
Царините на српски производи на Косово веќе доведоа до поскапување на лебот - и во српските и во албанските средини. Залихи на брашно сѐ уште има, но не уште долго. Репортерките на ДВ се распрашаа во пекарниците во граѓаница и Липљан.