1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово нема струја

ЕМФ | агенции
25 декември 2021

Косовската влада прогласи вонредна состојба во снабдувањето со струја и најави дек арестрикциите би можеле да траат во наредните два месеца.

Kosovo Männer reparieren Stromleitungen in Prizren
Фотографија: Imago/Koall

Владата на Косово усвои итни мерки кои вклучуваат воведување рестрикции во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија и наметнување посебни обврски за електроенергетските претпријатија. Предвидено е формирање Итна техничка комисија, коа на Министерството за економија треба да му даде препораки за спроведување на мерките за решавање на негативните ефекти од рестрикциите врз економските текови.

Во образложението на одлуката на владата се наведува дека едлектроенергетскиот систем на Косово во моментов се соочува со „значајни тешкотии поради зголемената потрошувачка на електрична енергија во земјата, недоволно внатрешно производство за покривање на потрошувачката и глобалната енергетска криза која резултираше со енормно зголемување на цената на електричната енергија на меѓународните берзи“.

Косово се потпира на производство на струја од своите застарени термоцентралиФотографија: DW/N. Tabak

Врз основа на усвоените мерки, Косовската електроенергетска корпорација е обврзана да го плаќа увозот на струја со средства кои ги добива од владата. Парламентот на Косово најдоцна во рок од седум дена треба да ги поддржи илиукине мерките мерките кои ќе ги усвои владата, а кои се предвидени со таа одлука.

- повеќе: Струен мрак за домаќинствата ќе нема, но по која цена?

Косово се потпира на производство на струја од своите застарени термоцентрали. За да се изборат со прекините во снабдувањето, многу претпријатија и домаќинства имаат генератори.

Владата на Косово издвои 20 милиони евра за увоз на електрична енергија. Земјата сега увезува околу 40% од потребната електрична енергија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми