1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово не е преседан

22 март 2007

Еврокомесарот за проширување Оли Рен синоќа во Брисел повика на единство по ова прашање и предупреди на последиците од евентуално неусвојување на резолуцијата

Оли Рен
Оли РенФотографија: picture-alliance/dpa

“ Косово не е преседан и тоа нема поврзаност со некои други региони во светот или западен Балкан. Оттука го користам поимот дека Косово е последниот нерешен статус на Балканот. И тоа навистина треба да биде последно статусно прашање во регионот“

Оли Рен смета дека е многу важно во Брисел да преовладува единствен став:

“ За нас е важно европското единство околу Косово. ЕУ треба да го поддржи планот на Марти Ахтисари во советот за безбедност кој е реален“ вели Рен и додава:

“ Доколку советот за безбедност не успее да договори резолуција околу статусот тогаш ќе бидеме соочени со ситуација на хаос на Балканот“ предупреди Рен

Лидерот на косовската партија ОРА Ветон Сурои на вчерашниот собир во Виена на тема иднината на Косово изјави оти смета на три можни сценарија во советот за безбедност. Првиот план според него е дека членките на советот ќе го прифатат планот на Ахтисари второ дека некои ќе бидат против. За третото тој вели:

“ Третото би било сценарио во кое членките на советот за безбедност имплицитно би го признале целиот тој концепт. Тоа би значело едно тенко движење во дефинирањето на статусот. Начинот на кој ќе се одредуваат или ќе се поддржат овие сценариа ќе влијае врз развојот на постстатусна ситуација на Косово“

Претседателот на движењето за европска Србија Воислав Митиќ изјави:

“ Јас не очекувам дека одлуката може да биде конечна. Таа може да има смирувачки карактер за тензиите на Косово. Мислам дека и оние кои ќе бидат воздржани во советот за безбедност или против тоа ќе го прават заради глобални интереси“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми