1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово не очекува големи промени во односите со Белград

12 мај 2008

Приштина ги поздрави резултатите од изборите во Србија, но сепак тамошните политичари и експерти не очекуваат драстични промени во соседната земја. Се очекува и нова компликувана фаза во односите меѓу Белград и Приштина

И покрај забраната српските избори се одржуваа и на КосовоФотографија: AP

Портпаролот на претседателот на Косово, Џавид Беќири истакна дека резултатите од изборите во Србија за Косово како суверена и меѓународно призната држава се резултати од избори во соседна држава, но дека победата на демократските сили е добра работа за регионот.

„Во секој случај во интерес на Косово и на регионот е во Србија да има демократија, бидејќи тоа најнапред би било од полза на српските граѓани но и за европските перспективи на југоисточна Европа“. Беќири подвлече дека не постојат разлики за прашањето на Косово , меѓу поголемите субјекти на политичката сцена во Србија:

„ Дури ни реториката на силите кои се оценуваат како демократски и про-европски не се разликуваше многу од онаа на Радикалите на Николиќ, што покажува дека во таа земја сеуште преовладува старата логика кон другите земји од поранешна Југославија, која предизвика многу трагедии“, истакна портпаролот на косовскиот претседател.

Следува нова компликувана фаза

Главниот уредник на весникот „Коха Диторе“, Агрон Бајрами, смета дека победата на коалицијата за европска Србија на чело со Борис Тадиќ не значи автоматски, дека во Србија ќе дојде до драстични промени. Бајрами истакнува дека во првото обраќање по пообедата, српскиот претседател Тадиќ, го прогласил Косово за приоритет на новата влада, што навестува дека следува нова компликувана фаза во односите меѓу Косово и Србија:

„ Кога станува збор директно за Косово , независноста е прогласена и тоа е реалност што нема да може да се промени со каква било победа на Тадиќ или на кој било друг во Србија. Но, за желање е тоа што оваа победа на демократските сили не значи и промена на курсот на Србија кон Косово “

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми