Ниту во третиот обид, не пројде барањето на Косово за прием во меѓународната полициска организација.
Реклама
Косово денеска на гласањето на генералното собрание на Интерпол во Дубаи не успеа да добие доволно гласови за членство во светската полициска организација. За прием на Косово во Интерпол во првиот круг гласаа 76 делегати, против беа 56, а воздржани 22.
По 20-минутната пауза дадена од страна на генералниот секретар на интернационалната полициска организација, Јирген Шток за приемот на Косово гласаа 68 делегати, 51 беа против, а воздржани 16.
Генралното собрание на Интерпол ја продолжи денеска расправата за барањето на Приштина за членство во меѓународната полициска организација на заседанието во Дубаи.
На учесниците им се обрати министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, кој реагираше поради кршење на резолуцијата 1244, а потоа започна расправата.
Во полза на Србија за збор се јавија, Шпанија, Мароко, Кипар, Кина, Белорусија и Русија. Поддршка на Србија претходно и' пружија Намбија, Романија, Венецуела и Суринам, наведува РТС.
По расправата следеше гласањето за прием на Косово во Интерпол. Се гласаше во два круга, а за прием во членството е неопходна двотретинска поддршка од земјите членки.
Косово досега трипати поднесуваше барање за членство во 2010, 2015 и минатата година, кога премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, една недела пред Генералното собрание во Кина, го повлече барањето поради недостаток на гласови за поддршка. Минатата година во Интерпол беше примена Палестина и покрај противењата на Израел и САД, како и на Соломонските острови.
Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Српскиот „ѕид на плачот“
Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Лицата обвинуваат
Лицата на киднапирани Срби од 1989/1999 година служат како главен аргумент за обвинувања на сметка на Северноатлантскиот Сојуз и Европската Унија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Меѓу Косово и Крим
Моден детал со политички некоректна русофилска формула на белградската пешачка зона. Туристите од Запад радо го купуваат бизарниот сувенир.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Руска алтернатива
Борис Тадиќ во предизборната кампања во 2008 година го ифрли слоганот „И Косово и Европа“. Овој графит одговара на очекуван начин.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Таблоидите србуваат
Острите политички пароли на ѕидовите можеби станаа поретки затоа што сѐ повеќе врескаат насловите на таблоидните печатени производи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Браќата Шпанци
Шпанскиот е популарен во Белград. Не толку во училиштата за странски јазици, колку во „Немањина“ улица, во близина на Министерството за надворешни работи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Срце и аритмии
Додека еден белграѓанин се обидува да пронајде нешто корисно во отпадот, од ѕидот го бодри позната крилатица.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Кој не е со нас е против нас
Фудбалскиот сојуз на Србија попусто се бунеше против одлуката на УЕФА од мај 2016-та за прием на Косово како полноправна членка. Одлуката е конечна од почетокот на 2017-та.
Фотографија: DW/D. Dedovic
ЕУ како империја
Космет всушност е кратенка (Косово и Метохија). Во зборот „Евробска“ се сокрила придавката „робска“.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Вдахновение во премин
Плод на патриотско-поетско вдахновение на ѕидот на премин меѓу главната и една споредна улица во Лексовац.
Фотографија: DW/D. Dedovic
На КиМ со благослов
Дел од уличните призори во градовите се и повиците за обиколка на манастирите и на српските општини на Косово, со благослов на црковните власти.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Римување, некому стравување
Опомена за српската политичка елита, доколку некој случајно помислува на некаков вид признавање на косовската независност.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Урнатини кои опоменуваат
Своевиден споменик кој со својата наказност во градскиот пејсаж потсетува на бомбите кои во 1999 година ги испрати НАТО.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Албанци кои се сакаат
Актерската легенда Беким Фехиу од 2010 година (кога си го одзеде животот) не е меѓу живите белграѓани, но неговата книга и натаму е хит во излозите на белградските книжарници.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трунка надеж
Повеќето графити на улиците сепак се тематски надвор од „внатрешниот дијалог“. Можеби најрадикалните пароли се преселени на социјалните мрежи.