1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово се лути поради Гибралтар

СН/ЕМФ/мф3 октомври 2012

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, Фадиљ Вокри, ги обвини челниците на светскиот и европскиот фудбал дека применуваат двојни стандарди, откако вчера (02.10) Гибралтар стана привремена членка на УЕФА.

Фотографија: Fotolia/erika8213

„Разочарани сме со одложувањето на нашиот прием. Не ги разбираме причините кои стојат зад тоа. УЕФА има еден стандард за Косово, а друг кога е во прашање Гибралтар, територија која не е призната од ниту еден фудбалски сојуз. Изненадени сме поради присутните разлики и опструкции со кои сме соочени“, рече Вокри.

ФИФА во мај му даде согласност на Косово, но ја промени одлуката по протестите на Фудбалскиот сојуз на Србија и на претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

Светската фудбалска организација во декември одново треба да расправа дали на репрезентацијата на Косово да и‘ дозволи да игра меѓународни пријателски натпревари.

Инаку, одлуката за давање на преодно членство на Гибралтар беше донесена за време на состанокот на извршниот одбор на УЕФА, одржан во понеделникот во рускиот град Санкт Петерсбург.

Дали малата британска колонија на крајниот југ на Иберискиот полуостров, ќе стана 54. полноправна членка на Европскиот фудбалски сојуз ќе биде одлучено на конгресот на УЕФА во мај 2013 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми