1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: „Сѐ или ништо“

АТ/ ФАЦ/ ТШ/ ЗЦ/ ГА28 јули 2014

„На Косово еден поранешен бунтовник, сака да замени друг на премиерската функција“ пишува весникот „Франкфуртер алегамјне цајтунг“ во текстот под наслов „Сѐ или ништо“.

Фотографија: DW/V. Medyany

„Во демократиите каде има дефектно владеење на правото, за партиите, кога ќе бидат избрани, во вистинска смисла на зборот се работи за сѐ или ништо: оној што ќе победи не стекнува само одговорност за владата, туку и за државата и институциите. Кој ќе ја загуби власта, истовремено ја губи и власта над министерствата и институциите, кои само привидно стојат над партиите, како Уставниот суд, полицијата, картелните власти, царината и јавниот радиодифузен сервис. Во Косово, најмладата држава во Европа, во моментов може да се набљудува како се одвива ваква борба (...) Една промена на Тачи со Харадинај, кој пред Трибуналот на ОН да подигне тужба против него веќе беше премиер во тогаш од Обединетите нации управуваната покраина Косово, на прв поглед не би била ништо ново. Еден поранешен бунтовник си заминува, друг доаѓа (...) Во Приштина, во меѓувреме, сепак има независни набљудувачи, кои поздравуваат коалиција предводена од Харадинај, не затоа што сметаат дека Харадинај е помалку корумпиран од Тачи, туку затоа што една изгледна владина коалиција толерирана и истовремено остро надгледувана од Самоопределување (Ветевендосје) нема да може до таа мера да ги запоседне владините тела и другите државни институции како до сега семоќниот ПДК“, пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ во текстот: „Сѐ или ништо'.

Конфликтот на Блискиот Исток е повод за анализа во весникот „Тагесшпигел“:

„Сеедно дали 2006, 2009 или 2014: Постојано истиот редослед на акција и реакција - воена, политичка, медијална (...) Телевизиските снимки, секоја вечер на главните вести, од убиени цивили и уништени домови јаcно го покажуваат ова (...) Истовремено се поставува прашањето - дали моралното чувство на надмоќ, кое со оглед на ваквиот број на жртви редовно се шири во европската јавност, навистина е целосно оправдано? Имено, Европејците во изминатите години заедно со нивните американски сојузници, постојано самите водеа походи, кои покажуваат големи сличности со постапките на Израел.

Сојузна Република Југославија ја почувствува уништувачката сила на американското и европското воено водухопловство во косовоскиот конфликт 1999 година. (...) Воените дејства во Либан и во Појасот Газа, како и војните на Косово, во Авганистан, во Ирак, и во Либија имаат слични карактеристики: Иако ниту Израел, ниту Американците и Европејците, во потесна смисла не напаѓаат целно цивили, во нивните воздушни напади паднаа илјадници цивилни жртви“, пишува весникот „Тагесшпигел“ во тексот под наслов: „Сѐ од воздух“.

За „Зиддојче цајтунг“ со неуспехот на Кери на Блискиот Исток станува јасно...:

„... дека војната меѓу Израел и Хамас, за разлика од вооружениот судир во ноември 2012 година веќе не може однадвор да се управува. САД го загубија своето влијание врз владата на премиерот Нетанјаху, Египет како умерена сила наспроти Хамас - отпаѓа. Нови во играта се Катар и Турција, меѓутоа тие досега со нивните тиради против Израел не се дел од решението, туку се дел од проблемот. Војната така е препуштена на слободната игра на силите. Бидејќи на повидок нема дипломатско решение, таа може да биде завршена само со анализа на спроитвставените страни за тоа што ќе добијат, а што ќе изгубат. Тоа што двете страни наизменично повикуваат на ограничен прекин на огнот, би смеело да се протолкува како прв знак на замореност од борбите“, констатира весникот.

Весникот „Генерал анцајгер“ за напорите за посредување на САД смета:

„Министерот за надворешни работи Кери во моментов е сведок на тоа како и Соединетите држави го прокоцкаа кредитот на Блискиот Исток. Девет месеци тој чесно вложуваше напори да издејствува мировен договор меѓу Израелците и Палестинците. Но добра волја не е доволна за да се прави политика. Тоа што хардлајнерите во израелската влада можеа да се пробијат и се продолжи со изградба на населбите за време на преговорите, значително придонесе за пропаѓањето на посредувањето на Кери“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми