1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово ја подели Европската унија

19 февруари 2008

Германија и повеќето земји членки на Европската унија ќе го признаат Косово како најмлада европска држава. Министрите за надворешни работи на Унијата вчера во Брисел не успеаја да постигнат единствен став.

Убедувањата не го донесоа саканото единствоФотографија: AP

Откако САД како прва западна земја го признаа Косово како држава, тоа набргу ќе го направат и повеќето земји на Европската унија. Франција уште синоќа го направи тој чекор.

И Велика Британија, Италија и Германија имаат иста намера во наредните денови, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер: „Поголемиот број земји-членки ќе го признаат правно-државно, демократско и мултиетничко Косово. И Германија ќе го направи тој чекор. Откако ја информирав канцеларката, ќе го информирам и сојзуниот претседател за владата да може в среда да донесе соодветно решение.“

Косово ќе го признаат околу 19 држави на Европската унија. Романија, Кипар, Грција, Словачка и Шпанија засега нема да го направат тоа. Тие страхуваат од можни последици врз проблемите со малцинствата или од територијлани конфликти во сопствените земји.

Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Моратинос изјави:„Владата на Шпанија нема да го признае овој унилатрелаен акт на косовскиот парламент, зашто не веруваме дека соодветствува на меѓународното право„.

Министерот Штајнмајер рече дека за независноста на Косово немаше друга алтернатива, откако пропаднаа преговорите за заеднички прифатливо решение:„Веруваме дека сега со признавањето на Косово мора да завршат долгогодишната несигурност и нестабилност. Само на тој начин можеме да поставиме основи за подобра иднина не само за Косово, туку за целиот Западен Балкан„.

Франција која веќе го призна Косово, според нејзиниот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, очекува:

„Се надевам дека ова ќе претставува крај на борбите и конфронтациите на Балканот„.

На Србија и на Косово во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи нагласено им се нуди интеграција во Европската унија. На Косово, кое економски не е способно да опстане, Унијата му нуди економска и помош за обнова од околу 2 милијради евра. Во наредните месеци ќе бидат испратени илјада и 800 полицајци судии и службеници што ќе ги надгледуваат изградбата на државата и работата на властите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми