Косово ќе добие нова влада
8 јануари 2008
Реклама
Главни задачи на владата ќе бидат брзо отцепување од Србија и изградба на суверено и независно Косово, изјави идниот премиер на Косово, Хашим Тачи во Приштина. Според коалициониот договор, Демократската партија на Косово на Тачи го добива местото на премиерот, претседателот на парламентот, заменик премиер и седум министерства, додека на Демократскиот сојуз на Косово на претседателот Фатмир Сејкдиу му припаѓаат местото претседател на Косово и пет министерски места.