Официјален Белград, но и српските медиуми, и натаму постојано зборуваат за формирањето на војската на Косово. Експертите сметаат дека ситуацијата не е наивна и оти Приштина направила добар ПР.
Реклама
Процесот на формирање војска на Косово наиде на противење во одделни западни земји и НАТО, но последните чекори покажуваат дека Косово сепак доби зелено светло за овој потег. Како што сведочат и последните изјави на одделни американски и британски официјални лица, формирањето на војска на Косово се гледа како право на суверена држава, и на тој начин всушност е демонстрирана поддршка за приштинските власти.
Како што и се очекуваше, и во овој случај беше пресудна поддршката од САД - кога Америка го даде својот благослов беше јасно дека станува збор за неповратен процес.
Јасна поддршка од сенка
Оваа поддршка од сенка јасно се гледаше и сосема е сигурно оти властите во Приштина не би се одлучиле на ваков смел политички чекор без поддршка од Вашингтон, оценува за ДВ воено-политичкиот коментатор Александар Радиќ.
„Работите станаа целосно јасни кога амбасадорот на САД во Приштина го поддржа создавањето на војска на Косово. Токму во времето на најголемата бура во Западен Балкан околу создавање косовска војска, САД им донираа лесни оклопни возила на Косовските безбедносни сили. А тоа беше повеќе од симболичен чин“, вели Радиќ.
Војска на Косово - политичка калкулација?
Мотивите на Вашингтон се јасни, бидејќи Америка промовира независност за Косово на секој чекор, и поради тоа и поддршката за создавање на тамошна војска не е преголемо изненадување. Постојат, секако, тврдења дека тоа не е преголемо изненадување и за српските власти, но оти по природа на работите официјален Белград практично мора во јавноста да изразува длабока загриженост.
Воениот аналитичар и новинар во агеницијата Фонет, Давор Лукач, смета оти „политичката ситуација е таква што се оди на некои калкулации, и сметам дека можеби постои некаков договор. Дали тоа значи оти војската на Косово ќе биде создадена во замена за нешто што ќе добие Србија, тоа е прашање на кое сѐ уште немаме одговор“, смета Лукач.
Убаво спакувана пропаганда
Косовските власти, зборувајќи за формирање на војска, истакнаа дека таа не се прави за да се употреби против Србите, или кој било друг, туку за да може да земе учество во меѓународните мисии. Оваа убаво спакувана реченица е секако музика за американските уши, кои се соочуваат со сѐ помал ентузијазам од сојузниците за одделни воени акции. Секако дека Приштина се потруди да направи добар ПР за претставување на војската, забележува Александар Радиќ.
„Косовските безбедносни сили и досега, според постоечките прописи, можеа да земат учество во меѓународните мисии. Така сега да се тврди оти со усвојување на новите закони за војска ќе се случи нешто ново е измама, која додуша убаво звучи во медиумската експлоатација“, вели Радиќ. Тоа е еден вид пропаганда, истакна и Давор Лукач, бидејќи учеството во меѓународни мисии бара многу подготовка, обука, но и пари. „Косово за тоа долго нема да биде подготвено“, вели Лукач.
Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Српскиот „ѕид на плачот“
Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Лицата обвинуваат
Лицата на киднапирани Срби од 1989/1999 година служат како главен аргумент за обвинувања на сметка на Северноатлантскиот Сојуз и Европската Унија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Меѓу Косово и Крим
Моден детал со политички некоректна русофилска формула на белградската пешачка зона. Туристите од Запад радо го купуваат бизарниот сувенир.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Руска алтернатива
Борис Тадиќ во предизборната кампања во 2008 година го ифрли слоганот „И Косово и Европа“. Овој графит одговара на очекуван начин.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Таблоидите србуваат
Острите политички пароли на ѕидовите можеби станаа поретки затоа што сѐ повеќе врескаат насловите на таблоидните печатени производи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Браќата Шпанци
Шпанскиот е популарен во Белград. Не толку во училиштата за странски јазици, колку во „Немањина“ улица, во близина на Министерството за надворешни работи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Срце и аритмии
Додека еден белграѓанин се обидува да пронајде нешто корисно во отпадот, од ѕидот го бодри позната крилатица.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Кој не е со нас е против нас
Фудбалскиот сојуз на Србија попусто се бунеше против одлуката на УЕФА од мај 2016-та за прием на Косово како полноправна членка. Одлуката е конечна од почетокот на 2017-та.
Фотографија: DW/D. Dedovic
ЕУ како империја
Космет всушност е кратенка (Косово и Метохија). Во зборот „Евробска“ се сокрила придавката „робска“.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Вдахновение во премин
Плод на патриотско-поетско вдахновение на ѕидот на премин меѓу главната и една споредна улица во Лексовац.
Фотографија: DW/D. Dedovic
На КиМ со благослов
Дел од уличните призори во градовите се и повиците за обиколка на манастирите и на српските општини на Косово, со благослов на црковните власти.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Римување, некому стравување
Опомена за српската политичка елита, доколку некој случајно помислува на некаков вид признавање на косовската независност.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Урнатини кои опоменуваат
Своевиден споменик кој со својата наказност во градскиот пејсаж потсетува на бомбите кои во 1999 година ги испрати НАТО.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Албанци кои се сакаат
Актерската легенда Беким Фехиу од 2010 година (кога си го одзеде животот) не е меѓу живите белграѓани, но неговата книга и натаму е хит во излозите на белградските книжарници.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трунка надеж
Повеќето графити на улиците сепак се тематски надвор од „внатрешниот дијалог“. Можеби најрадикалните пароли се преселени на социјалните мрежи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
15 фотографии1 | 15
Стравот е (не)оправдан
Добар дел од јавноста во Србија, но и значителен број медиуми, процесот на воспоставување на косовска војска го гледаат како голема опасност за српската заедница на Косово. Овој страв не е оправдан, смета Давор Лукач.
„Доволно е само да се види кои медиуми објавуваат такви работи. Тоа се медиуми во кои Србија досега веќе десетпати војуваше со Хрватска, со Косово, и не знам со кој уште не. Таквиот страв постоеше и поради формирање на РОСУ кои според Бриселскиот договор не смеат да одат на север - но тие таму одат и не се случило ништо за што шират паника одделни медуми“, вели тој.
Ситуацијата секако не е наивна, предупредува од друга стана Александар Радиќ. „Формирање на косовска војска за Србија е секако сериозно политичко-безбедносно прашање. Но, во дел од медиумите е создадена слика дека станува збор за подготовка за етничко чистење. Секако, тука станува збор за пренагласена порака“, додава Радиќ.
Емотивна дефанзива
Приштина настапува агресивно, а Белград е во дефанзива, додава Алаксандар Радиќ: „Србија во моментов е пасивна и нема многу што да стори. Единствено што Белград може е преку разни дипломатски канали да предупреди дека според резолуцијата на ОН е јасно дефиниран мандатот на КФОР и оти не може да постои конкуренција на вооружени сили на Косово“.
Давор Лукач, пак смета дека по евентуалното официјално формирање на косовската војска нема да се случи ништо посебно. Како во таков случај би изгледал денот потоа?
„Можеби ќе има некои протести на северот на Косово, и ќе има остри изјави на Вучиќ и на Вулин и тоа е сѐ. Но Косово нема да испрати војска на северот дури и да сака, бидејќи мора да се заврши процесот на трансформација на Косовските безбедносни сили, и мора да се промени уставот. Ова сега е само предлог на владата, но за такво нешто треба да се промени уставот, за што пак се потребни гласовите на српските пратеници во парламентот во Приштина. Со еден потег на пенкалото и преку ноќ не може да се формира војска“, заклучува Давор Лукач.