1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовските Срби остануваат на барикадите

6 август 2011

И покрај постигнатиот преоден договор меѓу владите во Белград и Приштина за надминување на конфликтот околу трговската размена, косовските Срби остануваат на барикадите. Денеска се очекуваат нови преговори.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Косовските Срби продолжуваат со блокадите на транспортните рути меѓу Србија и Косово. Тие не го прифаќаат договорот меѓу владите на Белград и на Приштина, според кој КФОР би требало да ги контролира спорните гранични премини Брњак и Јариње до средината на септември. Денеска се очекуваат нови преговори со локалните власти, околу натамошните чекори.

Расчистувањето на блокадите се смета да предуслов за решавање на конфликтот околу трговската блокада и признавањето на царинските котроли. Командантот на КФОР Ерхард Билер го издејствува компромисот, за пропуштање на возила преку граничните премини, но не и на стока, со исклучок на хуманитарни пратки.

Двете страни притоа се откажаа од нивните централни барања. Србите го толерираат прекинот на испорака на српска стока, воведен од косовската влада, додека официјална Приштина нема да испрати сопствени полицајци и цариници на двата спорни гранични премини. Со овој договор би требало да се добие на време за нови преговори.

Заменикот државен секретар на САД, Томас Кантримен во меѓувреме го поздрави постигнувањето согласност меѓу владите во Белград и во Приштина, оценувајќи дека со тоа се отвора пат за продолжување на нивниот дијалог со посредство на ЕУ.

Автор: АТ/ дпа/ бета

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми