1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Котелот“ во Марсеј е можеби предност за Германија

Р.Г.Шулце/ЕМФ7 јули 2016

Грижите на Јоахим Лев околу составот на тимот за вечерашното полуфинале против Франција се минато - Германија е подготвена да ги „уништи“ француските „петли“.

Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius

Се врати и веќе е во жижата. Капитенот Бастијан Швајнштајгер се опорави побрзо од очекуваното. Сѐ уште со бандажирани колена, но очигледно подготвен за удар против Франција. Германскиот селектор Јоахим Лев оцени:

„Мислам дека тој е важен за нашиот тим. Неговото искуство е од огромно значење токму во ваков натпревар, ваков котел.“

Котелот вечерва е стадионот во Марсеј, втор по големина на ова европско првенство. И најгласниот! Околу 67-те илјади гледачи ќе навиваат главно за триколорите. Но, дванаесеттиот играч не мора да биде и секогаш пресуден за победа.

„Кога си домаќин и знаеш дека имаш добар противник, тогаш тоа предизвикува истовремено и еуфорија што ги имаш гледачите на своја страна, но и извесен притисок. Мислам дека сме во состојба тоа да го искористиме“, уверен е Тони Крос, репрезентативец на Германија.

Овде можете да го погледнете видеото:

„Котелот“ во Марсеј е можеби предност за Германија

01:40

This browser does not support the video element.

Селекторот Лев сѐ уште не кажува каква ќе му биде тактиката, но веќе утврдил некои слабости кај противникот, кои неговиот тим треба да ги искористи:

„Уверен сум дека ние ќе бидеме најтешкиот противник за Франција досега. Франција можеби досега немаше силни противници. Се разбира, ќе сториме сѐ за да стигнеме во финалето.“

И порај тоа, натпреварот нема да биде прошетка. Зашто, и покрај враќањето на Швајнштајгер, германскиот тим со својата резервна клупа е ослабнат во досега најважниот натпревар на првенството.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми