1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кофи Анан ќе препорача почеток на разговори за статусот на Косово

6 октомври 2005

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан, најверојатно ќе препорача почеток на преговорите за идниот статус на Косово. Првиот човек на светската организација очигледно е задоволен од презентираниот извештај на специјалниот преставник во покраината Каи Еиде. Во меѓувреме високи преставници на ЕУ предлагаат Брисел да ја преземе одговорноста за безбедноста во покраината

Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: dpa

Кофи Анан во својата канцеларија во Њујорк сеуште го разгледува извештајот на Каи Еиде за демократските стандарди на Косово. Како што соопшти пред новинарите, неговиот одговор најверојатно ќе биде препорака за почеток на преговорите за идниот статус, кој многу бргу ќе го проследи до советот за безбедност.

Седницата на Советот на чиј дневен ред ќе се најде прашањето треба да се одржи кон крајот на месецов. Извештајот на Каи Еиде за демократските стандарди во покраината е еден од клучните услови за почеток на преговорите за идниот статус на Косово

Во меѓувреме, високиот преставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана излезе со предлог Брисел да ја превзеде обврската за одржување на јавниот ред и мир во покраината. Солана, смета дека на Косово треба да се примени решение слично на она од БиХ, каде ЕУ од НАТО пред неполна година ги превзеде обврските за јавната безбедност, додавајќи дека КФОР треба да ја продолжи мисијата во покраината.

ОН кои во моментов се одговорни за полициските активности, таму нема да можат да останат засекогаш,а ЕУ мора да размисли за превземањето на оваа улога, рече Солана, кој предупреди дека ЕУ неможе да биде третирана како светски играч во безбедноста, се додека не преземе целосна одговорност за стабилноста на балканот.

Косово ќе биде една од дестинациите на заменик американскиот државен секретар Николас Барнс, кој како што беше соопштено во Вашингтон во текот на наредната недела ќе замина на турнеја низ Балканот. Портпаролот на Белата Куќа Шон Мекортмак изјави дека

Конечниот статус на Косово е многу важно прашање за САД и меѓународната заедница.

Во меѓувреме преставници на координативниот центар за Косово

Изјавија дека со сите сили ќе се борат покраината да не добие независност. Претседателот Санда Рашковиќ Ивиќ синоќа изјави дека координативниот центар ќе опстои на ставот, без разлика на фактот што преговорите ќе бидат водени од страна на Марти Ахтисари, член на меѓународната кризна група која предложи условна независност за покраината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми