1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коцијанчич: Македонските лидери сами да понудат излез

БГ/миа11 јуни 2015

Портпаролката на Европската Комисија, Коцијанчич вели дека комесарот Хан не планира нова средба со македонските политички лидери. Сега тие самите треба да понудат излез од кризата.

Фотографија: picture-alliance/dpa/Julien Warnand

Точната организација на владата која би требало да ги подготви предвремените избори во Македонија била темата околу која запнале преговорите на македонските политички лидери со посредство на комесарот Јоханес Хан во Брисел, потврди попладнево портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич.

Маја КоцијанчичФотографија: EU

ЕУ сега ќе чека иницијатива за решавање на кризата од политичките фактори во Скопје, дополни таа, одбивајќи притоа да каже на кого мислел Хан во Твитер-пораката, во која ја наведува својата разочараност од „недостатокот на одговорност и лидерство од некои“.

„Она што е есенцијално е политичките лидери на земјата да ја прифатат одговорноста што е само на нив и да истапат со компромисен предлог што ќе овозможи земјата да се движи напред.

Политичките лидери на земјата треба да прифатат одговорност и да истапат со конкретни предлози. Ако ја прочитавте изјавата во детали, ќе видите дека ЕК е подготвена да го олеснува овој процес, значи ние остануваме посветени, но на ниво на комесарот, во моментов нема состанок што е конкретно предвиден“, рече Коцијанчич.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми