Кошаркарите на Германија сепак во четвртфиналето на ЕП
13 септември 2007Реклама
Германија ја совлада селекцијата на Италија со 67 спрема 58 и ја искористи последната шанса за пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Интересно е дека ова е прва победа воопшто на Германија над Италија во досегашните 17 меѓусебни средби на разни првенства! Клучен за победата беше Јоханес Хербер, кој со 15 поени беше најдобар стрелец, заедно со Дирк Новицки. “Ова беше натпревар во кој секој мораше да придонесе за победата. Откако од првите неколку удари постигнавме погодоци, потоа беше полесно да се игра” – рече Хербер по средбата.
Во четвртфиналето Германија се среќава со Шпанија, светски првак и домаќин на Европското првеснтво.