1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Која е разликата меѓу хидрогенска и атомска бомба?

БГ
4 септември 2017

Северна Кореја тврди дека постигнала голем напредок во тестирањето на термонуклеарна бомба. Но што е разликата со атомска бомба? Ви ги претставуваме основните разлики меѓу најмоќните орудија во историјата

Erste Wasserstoffbombe
Фотографија: picture-alliance/dpa/US Department of Energy

Во неделата Северна Кореја соопшти дека извршила успешен тест на напредна хидрогенска бомба, позната и како термонуклеарна бомба, означувајќи ја со тоа новата фаза на нејзините експерименти со следната генерација на атомско оружје. Но, во што е разликата?

Детонација

Основата разлика меѓу хидрогенска бомба и атомска бомба е во процесот на детонацијата. Кај атомската бомба, како оние фрлени врз Хирошима и Нагасаки, експлозивната моќ е резултат на огромно испуштање на енергија со делењето на нуклеусот на тежок елемент, како што е плутониумот. Процесот е познат како фисија. Години по развојот на првата атомска бомба во Њу Мексико, САД развија оружје кое се засноваше врз технологијата на атомската бомба, но со проширен детонациски процес со цел да се креира посилна експлозија. Тоа оружје се нарекува термонуклеарна бомба.

Споредба на нуклеарните експлозии низ историјата

Облик

Кај термонуклеарната бомба, процесот на детонација се состои од неколку делови, почнувајќи од детонацијата на атомската бомба. Првата експлозија создава температура од милиони степени, што дава доволно енергија да ги принуди двата нуклеуса да се комбинираат во втора фаза позната како фузија. Според експертите, последната бомба на Северна Кореја покажала голема разлика од претходните, а постепениот процес на експлозијата сугерира дека станува збор за хидрогенска бомба на две нивоа.

Нуклеарна фисија и фузија

Јачина

„Фотографиите покажуваат покомплетна форма на можна хидрогенска бомба, со примарна фисиска бомба и секундарна фаза на фузија кои биле меѓусебно поврзани“, вели Ли Чун-Геун, истражувач во Институтот за наука и технологија на Јужна Кореја. Силината на термонуклеарната бомба може да биде илјадници пати посилен од онаа на атомската бомба.
Експлозивната моќ на атомската бомба честопати се мери во килотони, односно илјада тони ТНТ, додека силината на термонуклеарната бомба се мери во мегатони, односни еден милион тони ТНТ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми