1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Која е руската елита на удар на санкциите од САД?

Роман Гончаренко
7 април 2018

Русија најави контрамерки на најновите санкции од САД. Која е руската економска елита - олигарсите кои се најдоа на проширената листа на американските санкции против Русија?

Vladimir Putin (l), Oleg Deripaska (r)
Владимир Путин и Олег ДерипаскаФотографија: picture-alliance/AP/Sputnik/M. Klimentyev

Новата листа на личности против кои се воведуваат санкции, а која Министерството за финансии на САД ја објави неодамна, е најсилниот удар досега против руската елита. Во мерките спаѓаат замрзнување имот, како и забрана за американските граѓани за работа со овие личности. На списокот има 26 имиња, 24 се руски државјани, освен тоа тој е дополнет со имиња на фирми блиски до овие личности.

Санкциите следуваат откако американската влада на крајот на јануари го објави т.н „Кремљ извештај“, кој следеше по санкционирачкиот закон донесен во Конгресот летото 2017. година.

Повеќе: 

САД ја обвинуваат Русија за хакерски напади

Токсичната Кремљ-листа на Вашингтон

„Кралот на алуминиумот“ прв на удар

Посебна тежина новите американски санкции имаат за Олег Дерипаска. 50-годишниот милијардер се смета за еден од последните олигарси, за кој се тврди дека има блиски врски со Кремљ уште од времето на рускиот претседател Борис Јелцињ. Руското издание на американскиот магазин Форбс неговиот актуелен имот го проценува на 5,1 милијарда долари. На удар на американските казнени мерки не е само тој, туку и бројните негови фирми во повеќе бранши, меѓу кои во металската индустрија, машиноградбата, автомобилската индустрија и земјоделството.

Името на „кралот на алуминиумот“, како што го нарекуваат Дерипаска во руските медиуми поради неговите концерни низ цел свет во оваа област, се појави и во врска со истрагата во САД поради наводни контакти на тимот на претседателскиот кандидат Доналд Трамп со Русија. Дерипаска категорично ги демантираше ваквите шпекулации во медиумите. Во Русија овој бизнисмен стигна во ударните наслови поради средба со соработник на руската влада задолжен за ресорот надворешни работи. Се шпекулираше дека тема на средбата на една од јахтите на Дерипска била и руско-американските односи.

Конспиративни разговори на јахтата на ДерипаскаФотографија: picture-alliance/Photoshot

Актуелни и поранешни „тешкаши“ на листата

На листата на американските санкции се и Виктор Векселберг, поранешен нафтен магнат кој во 2015 година со  имот вреден преку 14 милијарди беше вброен во најбогатите Руси, а и денес е меѓу топ-десетте.

Друштво му прави и Андреј Костин, претседател на Надзорниот одбор на мнозински државната ВТБ банка, втора по големина во Русија. Костин во последно време имаше нервозни настапи во странство, со невообичаено остри тонови предупредуваше од ескалација на односите помеѓу Москва и Вашингтон во случај на нови санкции.

Засегнат е и рускиот државен енергетски гигант Газпром: на списокот на санкции стои името на неговиот прв човек Алексеј Милер, како и на Андреј Акимов, кој раководи со Газпром-банката, трета по големина во Русија.

На удар на Вашингтон се најдоа и актуелни владини членови и високи функционери, како министреот за внатрешни работи Владимир Колоколзев или шефот на внатрешната тајна служба ФСБ, Николај Патрушев, но и поранешни политички „тешкаши“, како екс- премиерот Михаил Фрадков и поранешниот генерален обвинител Владимир Устинов. Фрадков до октомври 2016. година беше шеф на руската разузнавачка служба СВР, која во САД меѓу другото се сомничи за изведување хакерски напади пред одржувањето на претседателските избори.

„Фудбалски пријател“ на Путин? - Сергеј ФурсенкоФотографија: Reuters/D. Sinyakov

Пријателите на Путин

Вашингтон не ги поштеди ни одделни членови на претседателскиот кабинет, чии имиња досега ѝ беа непознати на пошироката публика, како и одделни проминентни политичари, вклучувајќи го Константин Козачов, претседателот на Комисијата за надворешни работи на Советот на Федерацијата. Изненадување се претставниците на т.н. „златни момчиња“, деца на лица од најблиското опкружување на Путин, како Кирил Шамалов, за кого во руските медиуми се вели дека му е зет на Путин. Шамалов, роден во 1982. година, спаѓа во редот на најмладите милијардери во Русија, тежиште на неговиот бизнис е нафтената област. Тој е син на Николај Шамалов, стар познаник на Путин. Во истата категорија е и Игор Ротенберг. 44-годишниот милијардер е син на Аркадиј Ротенберг, исклучително богат деловен човек и одамнешен пријател на Путин. Неговиот син Игор прави кариера во државните претпријатија и сега е на чело на поранешната фирма-ќерка на Газпром. Изненадување на санкционирачката листа на САД, на која доминираат политичари и бизнисмени, е името на Сергеј Фурсенко, 60-годишниот претседател на фудбалскиот клуб Зенит од Санкт Петербург, чие познанство со Путин датира од 1990-те години.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми