1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој го вози мојот автомобил?

Матијас фон Хајн/ Ж.А.6 август 2015

Производителите на автомобили масовно ги опремија своите возила во можноста за приклучување на интернет. Но, така некој може да ја преземе контролата над вашиот автомобил.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Уредникот на американскиот технолошки магазин „Вајарид“, Енди Гринберг, нема толку лесно да го заборави возењето кое го преживеа. Додуша, експертите за безбедност на интернетот Чарли Милер и Крис Валасек го предупредија дека може да биде опасно и никако да не запаѓа во паника, но тој само се смееше додека седнуваше зад воланот на сосем обичен бел џип Широки. Крајно, тој седи зад воланот, а тие не се ни во автомобилот. Што може да му се случи? Каква опасност?

Кога на автопат одеднаш му се вклучи климата и почна да дува студен воздух, се‘уште му беше смешно. Кога радиото ја промени станицата на локално радио кое емитува хип-хоп и тоа на максимална јачина, веќе почна малку да му пречи. Кога се вклучија брисачите и почнаа да прскаат вода, па не можеше да го гледа патот пред себе, веќе почна да го губи смисолот за хумор. Но, кога хакерите среде автопат во полна брзина му го исклучија моторот, Гринберг навистина се најде на раб на паника. Подоцна, на паркиралиште, експертите за компјутери му покажаа дека можеа и да го убијат, ако сакаа. Зашто, тие од далечина беа во можност да управуваат со неговите кочници и управувачот.

Опасност демне во 470.000 автомобили

Гринберг знаеше дека е „експериментален глушец“, но не им веруваше целосно на Милер и Валасек во можноста целосно да ја преземат контролата над неговиот автомобил и тоа само преку лаптоп комјутер и мобилен телефон, додека удобно седат дома во својата дневна соба, само со помош на интернет. Експериментит успеа, а би бил успешен и кај отприлика половина милион други автомобили, кои, како и оној на Гринберг, се опремени со т.н. јуконект.

Фиат Крајслер нуди системи за „спојување“ со мобилниот телефонФотографија: picture-alliance/dpa

Тоа е т.н. инфотеинмент систем, кого првенствено го користи производителот Фиат-Крајслер и се нуди во цела низа негови возила, од Џип, Доџ па се‘ до Фиат 500 и новата Алфа Ромео Џулиет. Преку него вашиот автомобил е „споен“ со вашиот мобилен телефон или подвижен компјутер и преку него нуди навигација, музика, но и пристап кон интернет и комуникација од секаков вид.

Други автомобилски производители имаат малку поинакви системи, но експретите тврдат дека е можно да се продре и во нив. Но, не е најголемиот проблем музиката која некој може да ви ја стави за слушање, туку тоа што во тие системи може да се продре и до елкетрониката која го управува целиот денешен автомобил.

Компјутерите се важни за возење, но интернетот...

Мико Хипонен од финската фирма за комјутерска безбедност Ф-секјур тврди дека проблемот е уште во самиот однос кон компјутерот. Од еднастрана производителите одамна се занимаваат со безбедноста во возење и тука неизбежно мораа да посегнат по компјутерот. Тој ги контролира кочниците, моторот, согорувањето, па се‘ до светлата и брисачите, што е во ред и тука производителите многу постигнаа. Но, во тие компјутери не е тешко да се продре, на пример за да се избрише максималната брзина со која според мислењето на производителот смее да се вози тое возило, или за да се намали километражата или сервисните интервали при продажба на возилото. Но, тоа е друга приказна.

Современа придобивка, но и голема опасностФотографија: picture-alliance/dpa/A. Warmuth

Но, потоа разгалената публика дојде на кул-идеја: автомобилот да ја свири музиката од мобилниот телефон на сопственикот, да ја покажува електронската пошта. И навигацијата се‘ повеќе е подрачје по кое се посегнува преку интернетот. Тука настана проблемот, зашто производителите на автомобили немаат многу искуства со безбедноста на интернетот, посебно ако „апсолутно мора“ што поскоро да се понуди апарат кој ќе ги усреќи потенцијалните купувачи, според чие мислење не може ни една секунда да се преживее без својот мобилен телефон. Со финскиот експерт се согласува и Фердинанд Дуденхефер, стручњак за автомобилска индустрија од Универзиттеот Дуизбург-Есен: „Комуникацијата значи интернет. А тоа значи пораст на опасноста, па мораме многу да размислуваме за безбедноста на автомобилот, од аспект на евентуални хакери.“

Според Мико Хипонен, за интернет-безбедноста во автомобилот малку се размислува: „Тоа се разгледува само попатно, затоа тоа подрачје добива минимални суми за развој. А на пазрот се пробива најевтиниот производ“, вели финскиот експерт.

Притоа, соодветните мерки за безбедност се очигледно нужни. Хакерите кои толку го преплашија американскиот новинар, Милер и Валасек, веќе со години ја потенцираат оваа слаба точка во новите автомобили, пришто ситуацијата само се влоши. Пред две години тие ја докажаа можноста да управуваат со автомобилот преку лаптоп компјутер кога станува збор за Форд или Тојота, но тогаш мораа со жица да бидат поврзани со автомобилскиот компјутер. Вака, преку интернет, е нешто ново и своите искуства сакаат да ги претстават на конференцијата на заедницата за безбедност во интернетот, Блек-хет во Лас Вегас на почетокот на август. Објавувањето таква информација, се разбира, е уште поголема опасност по безбедноста, но и германските експерти се согласни-друга алтернатива нема. Автомобилските производители премногу лесно ја сфаќаат опасноста. Милер и Валасек одамна го предупредија Крајслер за можноста лесно да се „провали“ во неговите автомобили. Не се случи ништо. Дури откако јавно беше прикажан експериментот со „подивениот“ Џип, сопствениците на сите возила произведени од овој концерн се предупредени да инсталираат надградба понудена на интернет страницата на Крајслер. Тоа не се врши преку интернет, туку преку УСБ стик.

Милер преку Твитер им советуваше на возачите на тие возила да вложат труд во надградба на системот. Но, дали тоа ќе им гарантира, покрај приклучокот на интернет, дека во иднина навистина тие сами ќе го возат својот автомобил, останува прашање.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми