Кој добива, а кој губи?
14 јули 2014
Европската унија и САД од минатото лето преговараат за договорот за трансатланско трговско и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership - TTIP), и за слободна трговска зона. Освен тоа се водат преговоди и за регулирање на областа на услугите (Trade in Services Agreement - TiSa), наследникот договор на (General Agreement on Trade in Services - GATS) на Светската трговска организација.
Критичарите сметаат дека овие два договора ќе иницираат конкурентност која ќе ги фрли во втор план социјалните стандарди. Роланд Зис, трговски експерт на мрежата „Атак“ критички настроена кон глобализацијата критикува дека зад хармонизацијата на меѓусебните трговски односи „во опасност се многу стандарди, еколошки стандарди, социјални стандарди и други области“. Поединости сѐ уште не може да се дефинираат, во кои области постојат разлики, „бидејќи преговорите сѐ уште се тајност.“
Освен ова „Атак“ критикува дека „Лоби организациите и концерните“ биле „многу интензивно вклучени во преговорите“, додека „парламентите информациите само парцијално“ ги добивале.
Комисијата на ЕУ ги отфрла обвинувањата дека се држеле информации во тајност. Преговорите не се водат тајно, вели Рајхнард Хенигхаус од застапништвото на Европската комисија во Берлин. „Ние преговараме толку транспарентно како никогаш досега кога се работело за трговски догвори. Има многу исцрпни документи за позициите за значителни области од преговорите, што ние како Европејци сакаме да постигнеме со овој договор“. Тие биле многу детални за сектори како хемијата, текстилниот сектор, фармацијата и автомобилската индустрија. „Се разбира не ги објавуваме поединечните текстови од преговорите, и преговорите не се одвиваат пред камерите. Ако веднаш се постават црвените линии нема да може да се водат преговори“.
Побединиците создават губитници
Далеку по неспорно е дека двата договори ќе доведат до поместување на трговското тежиште во светот. „Од трансатлантскиот договор за слободна трговија профитираат САД и сите 28 земји членки на ЕУ во форма на вработување и повисок БДП по жител“, вели Тис Петерсен, експерт во фондацијата Бертелсман, „Остатокот на светот е во хендикеп“.
Фондацијата Бертелсман спроведе студија, која ги разгледуба економските апскети на договорот за слободна трговија за поединечните нации. За таа цел беа статистички испитувани просечните ефекти. На победничката страна се САД. „Таму долгорочниот брудотдомашен производ по жител ќе се зголеми за околу 14 проценти“, вели Петерсон. На второ место е Велика Британија. ЕУ, според пресметките би имала пораст од пет проценти.
„Најголем губитник“ би била Канада. „Таму според пресметките реалниот БДП по жител би опаднал за 9,5 проценти, во Австралија за 7,4 проценти, во Мексико за 7,2 проценти“, значи оние земји, кои сега имаат интензивни билатерaлни трговски односи со САД и Европа. Канада би можела да го издржи овој пресврт, латиноамериканските и азиските држави да склучат регионални сојузи - слично како Меркосур.
Поинаква е ситуацијaта со земјите во северна и западна Африка „Тие тогаш ќе можат да извезуваат помалку во ЕУ, а врз основа на географската местоположба им недостасуваат алтернативи“, вели Петерсен така што во „земјите во подем, кои не располагаат со такви безбедносни системи се разбира ќе настанат други трошоци за прилагодување отколку во индустриските земји“.
Комисијата на ЕУ аргументира дека целата на договорите со САД е оддржување на вредностите.