По наглиот пораст на нови инфекции со коронавирус во една повеќекатница, на Гетинген повторно му се заканува карантин. Истовремено, започнува дискусија околу одговорноста за ширењето на заразата.
Реклама
Раководителката на Кризниот штаб за коронавирусот во Гетинген, Петра Броиштет, општинска советничка, инаку дипломиран социјален работник, признава: „Во последно време поминав доста непроспиени ноќи, предизвикот е огромен".
Зашто, универзитетскиот град од пред неколку дена стана жариште на коронавирус во Германија, бројот на новоинфицирани забележа скок. Гетинген со денови се движеше под работ на горната граница од 50 нови инфекции на 100.000 жители во текот на една недела, по што општините мораа повторно да преминат кон рестриктивни мерки.
Петра Броиштет со сите сили сака да спречи комплетен карантин, во градот е наложено затворање на училиштата, детските градинки и еден базен, забранети се екипни спортови и е извршено тестирање за Ковид-19 на станарите на еден старечки дом. „Како мајка која исто така зависи од згрижувањето на детето, ова не ми паѓа лесно", вели Броиштет, „но се надевам дека ќе ја ставиме ситуацијата под контрола."
Дали Гетинген се движи во правец на целосен карантин зависи пред сѐ од натамошниот развој во Идуна-центарот. Бетонската повеќекатница на периферијата на градот се смета за извор на масовното избувнување на коронавирус. Во подземната гаража е подигнат мобилен центар за тестирање заради избегнување станарите на пат кон клиниките да вршат натамошно ширење на инфекцијата. Медицинари и студенти по медицина во петокот и на викендот извршија тестирање за присуство на коронавирус на преку 400 станари на комплексот.
„Во Идуна-центарот моментно има 60 заразени", објаснува Броиштет, „сите инфицирани и лицата со кои контактирале од прв степен две недели мора да поминат во карантин." Советничката не сака да чуе за комплетен карантин на целата зграда, како што бараат некои во Гетинген: „Не можеме да поставиме огради и бодликави жици околу зградата, ова не е затвор".
Идуна-центарот во Гетинген сега се нарекува „Корона-зграда"
Хајко, кој во Идуна-центарот живее со години, во последниве денови сепак се чувствува како затвореник – во секој случај обележан како некој крииналец, неговото цело име не сака да го објавиме. Тој, како и сите станари на станбениот комплекс, кој сега го нарекуваат „Корона-зграда", се обвинети за одговорни за тоа што сите училишта во Гетинген повторно се затворени на една недела. „На улица ме гледаат попреку, луѓето ми довикуваат, некои дури и плукаат по мене."
Идуна-центарот, наречен по името на фирма за осигурување која го изградила на почетокот на 1970-те, пред четврт век бил престижен објект, со станови за образовани граѓани, базен, трговски центар, бил омилен мотив на поштенските разгледници од Гетинген.
Денес се смета за социјално жариште, за дом на луѓе од работ на општеството. Двата моста, кои пред децении ја поврзувале повеќекатницата со градскиот центар и Универзитетот, се урнати – повеќе како симболичен чин.
Врската меѓу универзитетскиот град со преку 30.000 студенти и питорескната пешачка зона и повеќекатницата со нејзините 407 станови е одамна прекината. Цената ја плаќаат луѓе како Хајко: „Би сакал граѓаните на Гетинген да престанат да ги осудуваат станарите на Идуна-центарот со таква жестина."
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Потрага по одговорните за избувнувањето на епидемијата
Уште потешко од Хајко се погодени фамилиите кои во 1990-те побегнале од Косово и сега живеат во Идуна-центарот. Покрај т.н. нулта пациент од повеќекатницата, кој повеќепати ги прекршил карантинските правила и против кого обвинителството покрена постапка, Здравствената служба на Гетинген претпоставува дека приватните прослави по повод муслиманскиот рамазански Бајрам се причина за ширењето на коронавирусот, исто како и собирањето на преку 30 мажи во наргиле бар во Гетинген, при што се пушело од исто наргиле.
Последица е жолчна дебата на која на крајот има само губитници: на социјалните мрежи десничарската партија АфД подбуцнува против „очигледно дрското и игнорантско однесување на арапските фамилии", се приклучуваат десничарски поттикнувачи на омраза со расистички изјави. Медиумите се заинтересираа за темата, се собраа во голем број пред Идуна-центарот, а станарите, чувствувајќи се претставени во лоша светлина, ги гаѓаа со зеленчук.
Фамилиите од Косово се жалат на стигматизирање и го демантираат тврдењето дека се одржувале масовни прослави. Тие критикуваат дека членовите на фамилиите биле враќани од станиците за тестирање и - истакнуваат дека нула пациентот е од друга националност, при што Здравствената служба повеќекратно ги игнорирала нивните укажувања за неговите прекршувања на карантинот.
Коронавирус: Кога маката ќе те направи инвентивен
И во иднина ќе треба да живееме со пандемијата на коронавирус. Но, добро е што во меѓувреме има толку многу идеи кои ни го олеснуваат секојдневието со вирусот - иако на некои треба допрва да се навикнуваме.
Фотографија: JF Group GmbH
Добар апетит на вечера во стакленик
Конечно може да се отиде некаде на вечера: рестораните се повторно отворени по повеќе недели пауза. Во Културниот центар Медиаматик во Амстердам гостите можат да јадат во мали „оранжерии“, стаклени куќички, добро заштитени од ветар, временски прилики и коронавирусот кој евентуално може да им го пренесат други посетители. Концептот има добар прием, до крајот на јуни се резервирани сите маси.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Dejong
Во ресторан со стаклена преграда на масите
Во многу ресторани пак на масите се поставува стаклена преграда, како оваа во „Гага кафе“ во Милано. Гостите при јадењето се заштитени од останатите со вграден плексиглас и од поторот меѓу масите, заради намалување на опасноста од инфекција. Заштитна маска сепак е обврска, барем додека не се јаде.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Furlan
Фризерски салони со заштита
Посебни правила во време на пандемијата на коронавирус важат и во фризерските салони. Заштитни маски за уста за фризерите и муштериите, и овде мијалниците се одделени со стаклена преграда. Нема веќе кафе додека се чека во салонот, долго задржување е табу. На муштериите ионака им е важно само повторно да имаат добра фризура.
Фотографија: Imago Images/J. Tack
Судбоносното „да“ пред гостите во автомобили
Кој вели дека свадбите во време на корона мора да бидат без гости? Во едно автокино во Диселдорф младенците склопија брак додека гостите ја следеа церемонијата ѕиркајќи преку шофершајбните од нивните автомобили. На крајот на венчавката следеше бучно свирење со автомобилските сирени. Ова беше прва германска свадба во автокино.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Strauch
„Црни острови“ во канцеларијата
Вака би можело да изгледа бирото на иднината: црни обележани простори на подот покажуваат колку можете да им се приближите на колегите, без да го прекршите правилото за дистанца од два метри. Преградите од плексиглас зад мониторите даваат дополнителна заштита. Но, за оваа визија на „футуристичката канцеларија“ од една филијала во Амстердам е потребно пред сё едно - многу простор.
Фотографија: Reuters/Cushman/Wakefield
Ред при чекањето
Не само во затворен простор, туку луѓето и надвор во идните месеци мора да држат меѓусебно растојание. На станица на метрото во францускиот град Ница стапалките во кругови покажуваат каде смеат да стојат патниците кои чекаат. Слични примери има низ цел свет. Но, и на ваков начин не може да се спречи турканица при влегувањето.
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Едносмерно движење
И во трговските улици во Данска луѓето треба да се движат по определени правила. Исто како и во автомобилскиот сообраќај, во Аалбог важи и за пешаците - секогаш движи се на десната страна. Целта е така да се избегнат премногу блиски средби. Дали тоа навистина функционира, барем на прв поглед, според оваа фотографија, е сомнително.
Фотографија: Reuters/H. Bagger
Живот во шише
Во густо населениот Хонгконг, некои луѓе со пресечено пластично шише не само што се погрижуваат за држење физичка дистанца, туку обезбедуваат и целосна заштита на лицето од евентуални капки кои содржат вирус. Мора да се признае, не изгледа баш удобно, но барем е евтин пронајдок.
Фотографија: AFP/A. Wallace
Направа за отворање врата
Држење физичко растојание е едно, избегнување инфекција преку површини е друго. Многу луѓе при влегувањето во лекарски ординации или јавни тоалети затоа ја отвораат вратата со лакт, но постои и нешто подобро. Овој „отворач на врати“ го решава проблемот, барем така тврди производителот.
Фотографија: JF Group GmbH
9 фотографии1 | 9
Разнишана доверба во градот
„Во прашање е одбивност која опстојува отсекогаш, а сега доживува процут", вели Мајнхарт Рамасвами. Окружниот пратеник од Партијата на пиратите со години се грижи за едно семејство од Косово во Гетинген. Тој стравува дека јазот меѓу градот и полицијата од една страна и станарите во Идуна-центарот ќе биде продлабочен со корона-кризата. Со тоа ќе бидат торпедирани и иницијативи како Помош за младите на Гетинген, која се грижи за семејствата и децата од поранешна Југославија.
Односите веќе со години носат печат на недоверба: оптоварени со надвиснатите постапки за азил, несигурните услови за престој и работа и депортации во Косово. „И порано полицијата постапуваше многу ригорозно", вели Рамасвами.
Од друга страна, комуникацијата со првата генерација, стигната во Гетинген пред 20 години, е тешка: службите не можат да допрат поради нивното недоволно познавање на јазикот, што во време на корона може да има фатални последици.
„Овде во Гетинген имавме еден стоматолог, кој бил во австрискиот Ишгл на скијање, а потоа третирал 500 пациенти. Никој не известуваше за тоа", го критикува Мајнхарт Рамасвами нееднаквиот и едностран однос на медиумите .
И при демонстрациите против корона-мерките или при забавата на вода на каналот во Берлин можеше да дојде до ширење на коронавирусот. Резиме на локалниот политичар: „Зграда во која живеат толку многу луѓе на тесен простор, која освен тоа е недоволно реновирана, е погодно тло за вакво избувнување на зараза."