1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е победник на изборите - прашање од милион долари!

12 декември 2016

Тесната разлика неофицијално „продуцираше“ двајца победници, а аналитичарите веќе предвидуваат дека ова се избори што водат кон нови избори.

Mazedonien Jubel Wahlen
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Заврши прославата на СДСМ, партискиот штаб е затворен, а податоците од гласањето сѐ уште не се целосно обработени во ДИК. Македонија ќе го дочека утрото без податок кој е победник на предвремените парламентарни избори. Во недостиг од официјални податоци, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се прогласија за победници. 

„Во моментов опозицијата предводена од СДСМ заедно со граѓаните има еден мандат повеќе“, изјави пред полноќ лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прославата пред Владата.

„Ги чекаме резултатите, но во моментот водиме со еден мандат повеќе. Падна режим со пенкало, со глас. Победи животот“, рече Заев пред приврзаниците.

Зоран Заев: Падна режим со пенкало, со гласФотографија: picture-alliance/dpa/V. Xhemaj

„Бидете среќни и горди. Испишавте историја. Ќе имате што да им кажете на внуците. Јас се гордеам со вас. Македонија е горда земја, среќна земја. Ова се навистина историски моменти. Со многу трпение, со многу посветеност, му покажавме на цел свет, но најважно ставивме печат дека Македонија ќе биде слободна, напредна земја, единствена. Радувајте се!“, порача Заев.

Неговиот политички опононет исто така им се обрати на своите поддржувачи.

Никола Груевски: Ова е победа со посебна тежинаФотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

„Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти половина час по полноќ партискиот лидер, Никола Груевски, и им се заблагодари на сите граѓани кои гласале на изборите, а посебно на оние кои гласале за неговата партија.

„Од 88,61 отсто обработени податоци, 434.051 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 415.258 за СДСМ. Победи ВМРО-ДПМНЕ, но победи и Република Македонија. Следува процес на формирање влада. Кризата мора да заврши, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со народот“, рече Груевски. Тој потенцираше дека бројката на гласови за неговата партија останала во рамките на „константната поддршка“ и дека победата имала посебна тежина и важност затоа што „СДСМ не бил единствен противник“. Притоа, го истакна фактот дека СДСМ добил поддршка и од албанскиот електорат, и најави дека за овој и другите изборни аспекти во наредните денови ќе се прави анализа, ќе се влечат пораки и поуки.

Различни податоци доаѓаат и за резултатите во албанскиот блок партии.

Аналитичарите веќе предвидуваат дека ова се изборишто водат кон нови избори.

Изјави на Груевски, Заев и Ахмети

01:05

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми