1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој (не)сака да студира во Германија?

Марија Севриева
18 јули 2019

Интересот на Македонците за студирање во Германија не е мал. Не е мала ниту желбата на оние кои се веќе студенти на германските високообразовни институции да останат да работат во Германија. Таква цел има и Ања Коцевска.

Nord-Mazedonien, Skopje: Universität St. Cyril and Methodius
Фотографија: DW/M. Sevrieva

Официјалните статистики велат дека по бројност македонските студенти во Германија се претпоследни од балканските држави. Но, интересот на македонските студенти за образување на германските високообразовни институции, сепак, не е мал. Во учебната 2017/18 година, според Сојузниот завод за статистика во Визбаден, во Германија студирале 1.174 македонски студенти.

Од нив, Две третини се на дипломски студии, 179 на постдипломски студии, 58 на докторски студии, а другите на стручни високи школи. 

Фотографија: DW/M. Sevrieva

И Ања Коцевска наесен ќе ги започне студиите по дизајн на интеракција на универзитет во Берлин. И покрај трите одбивања, Ања не се откажала:

„Оваа апликација, последна што ја правев, ја направив, мислам, совршено. Буквално од почеток до крај ја работев сосема навреме, не споделував додека не биде, и бев сконцентрирана на точните документации и документи што се потребни за да не направам пак грешка."

Ања Коцевска ќе студира во БерлинФотографија: DW/M. Sevrieva

За сознанијата на Ања, како и за интересот за стипендии за студии во Германија, но и обврската за некои студенти потоа да се вратат на работа во татковината, во видеото:

Кој (не)сака да студира во Германија?

01:43

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми