1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој одбира училиште – учениците или родителите?!

Милчо Јованоски15 јуни 2012

Осмооделенците се пред изборот во кое училиште да го продолжат средното образование кое во Македонија од 2008 година е задолжително. Одлуката најчесто не ја носат сами, туку се под влијание на родителите и друштвото.

Фотографија: DW

Честите реформи во образованието дејствуваат збунувачки врз младите. Вечната борба за оценки со знаење или само за подобро стартно место при уписите, дури и за во средно се реалност. Државата и натаму експериментира и со наставните програми и со струките. Аналитичарите долго алармираат дека не постои баланс меѓу побараувачката на пазарот на труд и на кадрите кои само со завршено средно би можеле да работат. Така долгите редици пред одредени училишта не се новост, а во други и по три уписи годинава сигурно ќе останат празни места. Социологот Олга Велјаноска потенцира дека професионалната ориентација на учениците треба да започне уште во основното образование, но тоа според неа не се прави во доволна мерка:

„ Не се води доволна грижа за талентираноста на детето. Дали е тоа талентирано за одредена област во којашто треба да се надоградува. Дали е тоа во уметност, природни или апстрактни науки. Тоа во Македонија е целосно запоставено. Мислам дека во тој сегмент во иднина треба да се води грижа. Треба стручниот тим во училиштата да ги диференцира и да знае кое дете, каде треба да се насочува. “

Фотографија: DW

Отврени зборуваме за изборот на идната професија

Љубинка Михајловска е професор во основното училиште „Братство – единство “ во Охрид. Како директен практичар од работата со осмооделенците признава:

„ Децата скитаат. Ретки се тие кои знаат во која насока ќе им оди животот. Но ги советуваме и примаат совети од нас како класни ракводители, од одделенските наставници и педагошко – психолошката служба која постојано работи со нив и ги насочува на вистинскиот пат. Работевме и индивидуални и групни средби со родителите при што заедно бараме начин да ги оформиме тие деца во квалитетни идни граѓани на ова општество и да го одберат виситинскиот пат. “

Преку проекти налик на европските до нови ученци

Ако се знае дека во одредени средини низ Македонија бројот на учениците се намалува, училиштата штитејќи го својот интерес се трудат на разни начини да дојдат до нови ученици. На пример Угостителско – туристичкото училиште во Охрид „Ванчо Питошески “ следејќи го трендот во Европа уште во март организираше проект за привлекување потенцијални ученици од западна Македонија. Училиштето годинава слави пет децении од постоењето и има куп меѓународни и домашни награди освоени на натпревари од страна на учениците. Преку Отворени денови се информираа и децата и родителите за предностите ако продолжат кај нас вели професор Марија Ристеска:

„Нашите ученици по завршувањето на образованието можат да се јават на пазарот на трудот. Од ова училиште излегуваат потковани со голем број практични и теоретски знаења во областа на туризмот и угостителството, што не е случај и со другите училишта.“

Марија Ристеска,професор во Угостителско – туристичкото училиште во Охрид „Ванчо Питошески “Фотографија: DW

Трендот на отворање на приватни средни училишта низ Македонија ги тера сите во образованието да се размрдаат. Социологот Велјаноска додава:

„За жал децата беа повеќе воодушевени од посетата во приватните училишта. Тие им презентираа на децата во какви услови учат. Но сите родители не можат да си дозволат децата да им учат во такви услови . “

Баланс меѓу сопствените и желбите на родителите

Во времето на изместени вредности гласот на децата најмалку се слуша. Осмоодделнците најчесто се запишуваат каде што ќе кажат мама и тати или пак таму каде тие имаат повеќе врски. Признаваат зад микрофоните – возрасните,а младите самоуверено велат:

„Сепак наша волја е каде ќе продолжиме, одиме и што ќе учиме. “ „ Да сами се определуваме, ама влијаат и нашите родители. Ни кажуваат што е подобро и што треба да одлучиме. “

„Некогаш ако друштвото е во тоа училиште и вие одите таму за да продолжи другарувањето. “

Во јавните средни училишта низ Македонија слободни се околу 35 илјади места. Прашање е дали децата ќе го направат правилниот избор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми