Кој сака да го минимизира Чернобил?
6 септември 2005Реакторот на Чернибил гореше десет дена,радиокативната енергија ослободена притоа може да се илустрира со податокот-таа беше рамна на 200 бомби фрлени врз Хирошима.
Дека од тоа страдале само 4 илјади луѓе,како што стои во Извештајот на Светската здравствена организација,веднаш критикуваа од организациите Гринпис и Меѓународните лекари за превенција од атомска војна.Тие се согласни во оценката:извештајот се обидува да ги замачка размерите на катастрофата.Украинското министерство за здравство на пример објави во 2002 година дека само меѓу ликвидаторите имало 15 илјади жртви.Смешни се наводите на извештајот според кој бројот изнесува 4 илјади.
Претседателката на Лекарите за превенција од атомска војна Ангелика Клаусен укажува на местата во кои се изнесуваат лажни податоци:
„Оваа студија на Светската здравствена организација не е независна научна студија.Мора да знаете дека Меѓународната организација за атомска енергија во 2003 година основаше Чернобилски форум,во кој е и Светската здравстевна организација“,укажува Клаусен на можните реалции,барајќи проследување од 1991 година,додавајќи:
„Тогаш Меѓународната агенција за атомска енергија тврдеше дека воопшто нема заболувања како последица од чернобилската катастрофа,посебно дека нема заболувања од рак на штитната жлезда.Истражувањата кои беа вршени во Белорусија меѓутоа од страна на Институтот Ото Страл покажаа зголемување на ракот кај децата за 30 пати!Меѓународната агенција за атомска енергија ги знаеше овие податоци и ги сокри.Таа едноставно работи на употребата на атомската енерегија и објавувањето на вакви податоци е спротивно на нејзините интереси,обвинува Клаусен.
Таа потсетува:
„Независноста на Светската здравстевна организација е укината уште со договорт од 1995 година.Таму буквално пишува:СЗО и МААЕ признаваат дека можат да бидат извршени извесни ограничувања со цел чување доверливи информации.Со други зборови,тоа значи дека светската јавност не е заштитувана од ризикот од атомските зрачења,туку од вистината за тие ризици“,вели Ангелика Клаусен.