1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кој сега смее да допатува во Германија?

Феликс Шлагвајн
29 јули 2021

Кој смее, а кој не смее да влезе во Германија? Мора ли да се оди во карантин или е доволно да се има негативен тест на Ковид-19? Правилата за влез во Германија и натаму се комплицирани. Одговори на најважните прашања:

Deutschland Frankfurt am Main 2018 | Flughafen, Maschine der Lufthansa
Фотографија: Frank Rumpenhorst/dpa/picture alliance

По долгиот локдаун, кој траеше со месеци, еден дел од Европа повторно се радува на патувања. Без разлика на делата сојот на коронавирусот, туристите можат да патуваат барем во границите на ЕУ и во Шенген зоната без големи препреки.

Меѓутоа, треба се земат во предвид неколку работи ако сакате да влезете во Германија. Бидејќи, новата одредба е на сила од 28 јули. Во основа само се продолжени условите за влез, кои владата ги усвои на почетокот на јули. Сега тие важат до 10-ти септември.

Задолжителен тест за невакцираните?

Оној кој сака да патува во Германија прво мора да се информира дали земјата од која доаѓа во Германија е класифицирана како ризично подрачје. Ако е тоа случај, мора да се пополни дигитална регистрација за влез. Освен тоа, патниците мораат да покажат негативен тест на Ковид-19, доколку не се вакцинирани, или во последните 6 месеци не ја прележале инфекцијата. Во тој случај повратниците од одмор не требаат да бидат во карантин.

Од 1 јули во ЕУ е во употреба и дигиталниот пасош за вакцинација. Тој го олеснува влезот во Германија како и посетата на манифестации. Податоците за вакцинирањето, тестовите или прележаната болест тука би требало да бидат брзо и едноставно достапни.

Повеќе:

-Задолжителното тестирање за влез во Германија е непријатна, но исправна одлука 

-Задолжителен Ковид-тест за влез во Германија за сите патници?

-Поради Делта сојот, повторно рестрикции за луѓето кои влегуваат во Германија?

Поради ширење на Делта сојот во Европа, германската влада планира од 1 август да воведе општ задолжителен тест. Во тој случај сите кои влегуваат во Германија, без разлика од која земја доаѓаат и без разлика со какво превозно средство, мораат да направат тест. Досега тоа важеше само за оние кои доаѓаат од ризични области, области во кои се раширени новите соеви на вирусот, и за сите оние кои во земјата пристигаат со авион. Излечените и вакцинираните лица, според наводите на Министерството за внатрешни работи, би требало да бидат исклучени од задолжителното тестирање.

Со воведување на задолжително тестирање би можела да биде укината категоријата т.н. едноставни ризични области, со седумдневна инциденција над 50, а под 200 заразени. Но, досега немаше никакви конкретни одлуки на владата.

Задолжителен карантин за патниците од областите со висока инциденција

На почетокот на јули веќе се укинати предупредувањата во т.н. едноставни ризични области. Во таа смисла Министерството за надворешни работи не предупредува експлицитно на патувања во тие земји, но замолува за „посебна претпазливост“. Така за оние кои се враќаат од тие области не важи задолжителната дигитална регистрација при влез и тест, освен за оние кои доаѓаат со авион.

Предупредувањата за патувања во одредени области важи дури кога седумдневната инциденција ќе надмине 200 заразени, и во областите во кои е широко раширен опасниот Делта сој. Во Европа во овој момент нема многу подрачја со соевите на вирусот.

Меѓутоа, Институтот Роберт Кох во меѓувреме ги класификуваше како области со висока инциденција омилените германски туристички дестинаци: Шпанија, Португалија, Холандија и Велика Британија.

За сите патници и повратници од одмор од овие земји важи задолжителен 10-дневен карантин, кој може да заврши по 5 дена со негативен тест. Вакцинираните и излечените не мораат ни да се тестираат ни да одат во самоизолација. Инаку, во овој случај за децата важат истите правила како и за возрасните. Со оглед на тоа дека децата и младите по правило сѐ уште не можат да бидат вакцинирани, по враќањето од областите со висока инциденција, односно оние во кои е раширен некој од соевите на вирусот мораат да бидат во карантин. 

Со новата одредба од крајот на јули, исто така, ќе  важат и поедноставените правила за влез во Германија за туристи од области каде што се распространети варијантите на коронавирусот. Листата на институтот Роберт Кох (заклучно со 28 јули, 2021 година) вклучува 11 земји во Африка и од Латинска Америка, вклучувајќи ги Намибија, Јужна Африка и Бразил.

Досега, и оние што се излечени и вакцинирани, а кои доаѓаат или се враќаат од тие области, мораа да одат во 14-дневен карантин. Во иднина, карантинот би можел да заврши порано, доколку погодениот регион повеќе не се класифицира како област на вирусна варијанта за време на карантинскиот период. 

Повеќето земји од ЕУ во моментов веќе не се предмет на ограничувања за влез, бидејќи не се изложени на ризик поради малиот број инфекции. Секој што пристигнува во Германија по копно од овие земји не мора да е вакциниран, излечен или да покаже негативен тест. Само, оние што доаѓаат со авион мора да докажат пред да се качат на авионот дека се вакцинирани, излечени или имаат негативен тест - без оглед од која земја доаѓаат и каква е инциденцијата таму. Правилата важат и за повратниците од патување.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми