1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Кој стои зад нападите во Шри Ланка?

ЕМФ /агенции
21 април 2019

Загинаа десетици верници на велигденски миси и гости во лускузни хотели - серијата напади во Шри Ланка предизвика ужаснатост во светот. Кој е одговорен за нападите?

Sri Lanka Colombo Sicherheitskräfte nach Explosion in St. Anthony's Kirche
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Jayawardena

Во серија напади врз христијански цркви и луксузни хотели во Шри Ланка загинаа 207 лица, меѓу кои и 12 странци, изјавија за германската агенција ДПА портпаролите на седум локални болници. Според нив, во координираните експлозии се повредени повеќе од 500 луѓе.

Денеска се случија најмалку осум експлозии, меѓу нив три во цркви и неколку во луксузни хотели. Напади за време на велигденските миси се извршени во црквата Свето Антонио во главниот град Коломбо, потоа во Свети Себастијан, црква која се наоѓа во Негомбо, на околу 30 километри оддалеченост од Коломбо, како и во црквата во Батикалоа, на околу 250 километри источно од главниот град на Шри Ланка.

Освен тоа, имаше и пет експлозии во хотелите со 5 ѕвезди Шангри-Ла, Синамон Гранд и Кингсбери во Коломо. Таму, како што се вели, се повредени осум странци. Подоцна експлозија се случи и во помал хотел во предградие на Коломбо, каде има двајца загинати. Експлозија попладнево имаше и во приградската населба Дематагода во Коломбо.

Фотографија: picture-alliance/AA/C. Karunarathne

Засега никој нема преземено одговорност за нападите. Претседателот на земјата Маитрипала Сирисена изјави дека безбедносните сили и полицијата сметаат дека се работи за „заговор“. Заменикот министер за одбрана на Шри Ланка, Руван Виџевардене зборува за „терористички напад“ и како виновници ги посочи екстремистите. Одговорните се идентификувани, изјави тој. Виџевардене прогласи и воведување полициски час во земјата до утре наутро.

Засега не е јасно од кои земји потекнуваат странците кои загинаа во нападите. Турската агенција Анадолу јави дека меѓу загинатите има двајца турски државјани.

Шри Ланка е една од омилените туристички цели за странци, меѓу нив и за Германците и за други Европејци. Во земјата каде граѓанската војна заврши во 2009 година, со години немало поголеми напади.

Инаку, населението во Шри Ланка е главно со будистичка вера, додека христијани се само7,4% проценти. Освен тоа, има и 12,6% хиндуси и 9,7% муслимани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми