1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе биде наследник на Сали Бериша?

СН/ЖА/макфакс22 јули 2013

По оставката на долгогодишниот партиски лидер Сали Бериша, Демократската партија на Албанија избира нов претседател меѓу кандидатите Лулзим Баша и Сокол Олдаши.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Демократската партија на Албанија денеска (22.07) избира нов лидер по поразот на парламантарни избори одржани во јуни и оставката на партискиот претседател Сали Бериша.

Над 100 илјади членови на оваа десничарска партија која Албанија ја раководеше цели осум години, гласаат за кандидатите за претседател на Демократската партија - Лулзим Баша актуелен градоначалник на Тирана и министерот за Транспорт и врски Сокол Олдаши.

Гласањето ќе се спроведе во текот на целиот ден во 57 гласачки места во целата држава.

Во изборната кампања и Баша и Олдаши даваа целосна подршка на досегашната политика на лидерот на десницата Сали Бериша и најавија брзо враќање на демократите на власт.

Баша изрази убедување дека набргу левицата повторно ќе се врати во опозиција, додека пак кандидатот Олдаши покрај другото најави и зајакнување на партиската инфраструктура ако тој дојде на власт.

Анкетите голема предност му даваат на Лулзим Баша кој инаку во текот на осумте години додека беше на власт Сали Бериша, беше негов најблизок соработник и помина низ повеќе министерски позиции – а на крајот успеа да го собори лидерот на левицата Еди Рама од функцијата градоначалник на Тирана.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми