1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Кој ќе потоне со „Титаник“ - осуммина признаа вина

ДТЗ
11 февруари 2022

Осуммина од групата, на коишто им се суди во случајот на поранешното СЈО, признаа вина - некои целосно, некои делумно. Од процесот ќе се издвојат оние коишто се изјаснија дека не се виновни.

Gordana Jankuloska
Фотографија: MIA

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, шефот на кабинетот на Никола Груевски - Мартин Протоѓер, како и уште петмина други обвинети во  случајот „Титаник“ признаа вина на денешното судско рочиште.

Тие се обвинети во случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство(СЈО)- „Титаник“за злосторничко здружување и кривични дела поврзани со изборни злоупотреби. Првообвинет во групата е бегалецот Никола Груевски, обвинет за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. 

Јанкулоска призна вина за три дела коишто и се ставаат на товар, а Протоѓер и Јанакиески не сметаат дека се виновни само за злоупотребата на средствата за финансирање на изборната кампања. Дел од обвинетите се извинија за направената штета, некои велат дека преземаат одговорност од морален аспект, трети се повикуваат на помилувањата од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, укажувајќи дека судскиот процес воопшто не ни требал за започне. 

Судењето за „Титаник“ почнува одново по третпат поради смена на поротник. Постапката ќе се раздели за оние што признаа вина, додека за останатите обвинети кои не се чувствуваат виновни, судењето продолжува на 9 март. 

Во случајот се обвинети 21 лице. Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми