Кој ќе формира нова влада во Хрватска?
26 ноември 2007Државната изборна комисија според досега преброените резултати од гласањето на парламентарните избори соопшти дека најголем број гласови освоила партијата ХДЗ која добива 60 пратенички мандати. Зад неа е Социјалдемократската Партија со освоени 57 мандати.
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ синоќа изјави дека ќе го додели мандатот за состав на новата влада на која било партија која ќе има најголема поддршка во парламентот. Хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека разговарал со претседателот на земјата Стипе Месиќ, на кого му пренел дека очекува да добие мандат за состав на новата влада. Со тоа Санадер неофицијално се прогласи за победник на изборите
Лидерот на опозицоната Социјалдемократска партија Зоран Милановиќ изјави дека гласачите сакаат една нова перспектива и нова содржина. Тој изјави дека е задоволен од изборниот резултат и најави дека веднаш ќе започнат преговори за формирање нова коалициона влада. За очекувањата тој изјави:
„Нов курс, нова промена во политиката, ново лице во политиката, но не само исполирано и напишано на билборди, туку нова содржина
Кој со кого ќе коалицира?
Одлучувачка улога во формирањето на новата влада во Загреб би можеле да имаат малите партии. Тие сеуште немаат донесено одлука со кого би коалицирале. Според хрватскиот изборен закон, бројот на места во парламентот може да варира помеѓу 150 и 160, во зависност од излезноста на гласањето.
Инаку во политиката на надворешен план помеѓу ХДЗ и Социјалдемократите нема разлика. Лидерите на двете партии досега неколкупати изјавија дека сакаат земјата да ја одведат до полноправо членство во НАТО и ЕУ.
Главните прашања во предизборната кампања на речиси сите политички партии беа борбата против корупцијата, еконосмкиот раст и спроведување на реформите.