1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе ја плати независноста на Косово

31 мај 2006

Весникот "Франкфуртер Алгемајне Цајтунг" во денешниот коментар се занимава со прашањето за економското функционирање на Косово по решението на статусот.

Во текстот на балканскиот дописник Михаел Мартенс меѓу останатото се констатира дека на крајот од преговорите во Виена, порано или подоцна ќе дојде до независност, но се поставува прашањето кој тоа треба да го плати? Весникот натаму пишува:

„ За сите учесници во преговорите тоа е непријатна работа бидејќи економската ситуација на Косово е лоша. Независна република Косово, така се слуша и во Белград, економски нема да може да преживее. Очигледно е дека Белград сака да го понесе овој економски товар, доколку се разбира Косово не добие независност, но преставниците на српската влада досега не можеа да објаснат како тоа ќе го прават.

Коментаторот во текстот пишува дека во студијата на економистот Кирк Милднер се наведува дека енергетскиот сектор би можел да биде темел на косовскиот економски развој. Доколку се изгради модерна термо електрана, Косово со извозот на евтина струја би можело да достигне 17% од сегашниот бруто национален доход, со што и добар дел од земјите од ЈИЕ како традиционални увозници на струја би ги намалиле своите дефицити.

Во министерството за економија и индустрија на Косово велат дека минатата година во покраината е увезена стока во вредност од една милијарда евра, за разлика од извозот вреден само 43 милиони евра, од кои најголемиот дел се метални отпадоци и тоа во Македонија.

Коментаторот во „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ смета дека се додека не биде утврден статусот на Косово, инвеститорите ќе се чуваат од големи вложувања во покраината. Но и во таков случај работите ќе зависат од властите во Приштина кои со законски норми ќе треба да создадат поволни услови. А дури и доколку тоа и успее на првата влада на независно Косово, сеуште ќе недостасува ниво на образование и тоа ќе биде пречка, се наведува во еден извештај на Меѓународната кризна група. Дополнителен проблем е и непродуктивното и неконкурентно земјоделство и заради тоа нема корист од договор за слободна трговија, кој го склучија сите држави на ЈИЕ„ закључува во коментарот за економската состојба на Косово по добивањето на статсусот весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми