1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кралицата Елизабета Втора прославува дијамантски јубилеј

АТ/ афп/ дпа/ кна/ макфакс2 јуни 2012

Кралицата Елизабета Втора официјално го прославува 60 годишниот јубилеј. Велика Британија четири дена ја слави својата монархиња.

.Фотографија: AP

Од денеска во наредните четири денови Велика Британија го прославува 60 годишниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Прославата почнува со традиционалната посета на кралицата на коњички трки во Ипсом на југот на Англија.

Кулминацијата на прославата се очекува утре (03.06) со огромна парада со повеќе од 1.000 бродови на Темза. Се планира флотилата да доплови до квартот Челзи и да го заврши своето патешествие на Тауер Бриџ. Во неа се вклучени, чамци на весла, моторни чамци, едрилици и бродови, од различни периоди, конструкции и намени. Најстарото пловило датира од 1740 година, а најновото е изградено оваа година специјално за празникот. Вкупниот број членови на екипажите во флотилата се проценува на 20 илјади луѓе.

Четиридневна прослава на јубилејот на кралицатаФотографија: AP

Кралицата и нејзиниот сопруг, Филип војводата од Единбург, синот принцот Чарлс, внукот принцот Хари и војводата и војвотката од Кембриџ, внукот Вилијам и Катерина, ќе пловат по Темза на кралскиот брод „Духот на Чартвел" (Spirit of Chartwell), богато украсен со црвени и златни тонови во стилот на речните теглачи од 17/18 век, кога флотилите по Темза биле вообичаени појави.

Кралицата Елизабета, една од најмногу фотографираните жени во светотФотографија: AP

Во понеделиник ќе бидат запалени 4.000 факели во Обединетото крлство и земјите на Комонвелтот, а вечерта ќе се оддржи попконцерт пред Бакингамшката палата со ѕвезди како Пол Макартни и Роби Вилијамс.

Во вторник кралицата ќе поседти богослужба и со кочија ќе се вози низ Лондон. Двата работни дена во Велика Британија се празнични.

Во чест на кралицата во Лондoн треба да биде преименувана и кулата ѕвонарник на зградата на парламентот, во светот позната како Биг Бен. За дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора 96 метри високата кула официјално треба да го добие името на кралицата. Конзервативниот премиер Дејвид Камерон се вбројува меѓу 331 пратеници, кои се изјаснија за иницијативата, известува „Дејли мејли“. Преименувањето во Кула Елизабета е „соодветна чест“ за монархињата, изјави Камерон. За официјалното преименување на кулата на крајот на јуни треба да одлучи президиумот на парламентот.

Биг Бен ќе го добие името на кралицата?Фотографија: Fotolia/stoka79
Елизабета Втора стана кралица на 6. февруари 1952 годинаФотографија: picture-alliance/imagestate/HI/DW-Montage

Кралицата Елизабета, која денес има 86 години, по смртта на татко и, стана кралица на 6. февруари 1952 година. Во историјата на британската монархија постои само една кралица која подолго владеела од неа, прапрабабата на Елизабета, кралицата Викторија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми