1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Крај на правото на абортус во САД?

ЖА
3 мај 2022

Американскиот Врховен суд наводно планира укинување на општото право на абортус, со поништување на одлуката од 1973 година со која е легализиран прекин на бременост во целата земја.

USA Demo Abtreibung
Фотографија: Alex Brandon/AP/picture alliance

Мнозинството судии во Врховниот суд на САД наводно се изјасниле за укинување на правото на абортус, кое е во сила на територијата на целата земја, произлегува од нацрт-извештај на судијата Самјуел Алит, како што пренесува американскиот портал „Политико“.

Ако тоа се покаже точно, би значело укинување на пресудата од 1973 година во предметот „Ро против Вејд" со која е легализирано општото право на  абортус  на национално ниво и дека секоја сојузна држава би имала право на сопствена одлука во поглед на ограничување на правото на прекин на бременоста.

Во случајот „Ро против Вејд“, Врховниот суд одлучи дека  абортусот е уставно право на секоја жена. Во одлуката на предмет од 1992 година пак судот загарантира право на абортус сѐ додека фетусот не стане способен за живот надвор од матката, што обично е случај меѓу 22 и 24 недела од бременоста.

#dw_BalkanBooster: Што мислат младите за абортусот

01:41

This browser does not support the video element.

Не е познато како доверливиот документ од Врховниот суд на САД протекол во јавноста, а уште е нејасно и дали е тој нацрт на мислење или претставува конечен збор на судот. Одлуката на Врховниот суд нема да биде конечна додека не биде објавена, што се очекува во следните два месеци.

Белата куќа и Врховниот суд засега не излегоа со коментар, но протекувањето на оваа информација веќе доведе до протести во Вашингтон.

Неколку сојузни американски држави, во кои конзервативците се на власт, веќе донесоа построги закони за абортус во очекување на одлуката на Врховниот суд. Во Тексас на пример лани во сила стапи т.н. закон за отчукување на срцето, кој забранува абортус од отприлика шестата недела на бременост.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми