1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Напади врз цркви и хотели во Шри Ланка

ЕМФ /агенции
21 април 2019

Во серија напади врз хотели и цркви на Велигден во Шри Ланка загинаа најмалку 180 луѓе, меѓу кои и најмалку 11 странци.

Sri Lanka Colombo Explosion in St. Anthony's Kirche
Фотографија: Reuters/D. Liyanawatte

Нападите беа извршени врз три луксузни хотели и една црква во главниот град Коломбо, како и во две други цркви недалеку од Колобо, на истокот на Шри Ланка. Меѓу десетиците загинати има и најмалку 11 странци, соопшти полицијата.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге оцени дека нападите се „кукавички“.

Експлозиите во црквите се случиле за време на велигденските миси. Болнички извори зборуваат за повеќе стотици повредени.

Еден од нападите беше извршен во црквата Свети Антонио во КоломбоФотографија: picture-alliance/AA/C. Karunarathne

Шефот на полицијата во земјата, Пуџут Џајасундара, пред десет дена предупреди на опасноста од самоубиствени напади од страна на радикалната исламистичка група НТЈ. Притоа тој се повика на информации на „странска тајна служба“

Во мнозински будистичката Шри Ланка само шест проценти од населението е со католичка вера.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Jayawardena

Германската влада на нападите во Шри Ланка реагираше со ужаснатост. Портпаролот на германската канцеларка, Штефен Зајберт, на Твитер напиша: „Ужаснати сме од веста дека христијани на Шри Ланка биле нападнати и убиени за време на велигденски миси. Тагуваме и се молиме за повредените и семејствата. Тероризмот, верската омраза и нетолеранцијата не смеат да победат.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми