1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел крваво ги задуши протестите на Палестинците во Газа

БГ
14 мај 2018

Израелските сили убија најмалку 41 Палестинци за време на масовните протести во Појасот Газа против отворањето на американската амбасада во Ерусалим. Тоа е најкрвавиот ден на насилство од 2014 година.

Israel Palästinensische Protestierende
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Abed

Бесни против преселбата на американската амбасада во Ерусалим, илјадници Палестинци фрлаа огнени бомби и камења врз израелските трупи од другата страна на границата. Израелската армија тврди дека врз нејзините трупи било пукано, и ги обвини демонстрантите дека се обиделе да ја пробијат граничната ограда.

До попладнево загинаа најмалку 41 Палестинци, меѓу нив и едно 14-годишно момче, а над 700 се повредени, од кои 27 се во критична состојба.

Погледнете повеќе во видеото: 

Крвави протести во Појасот Газа

01:31

This browser does not support the video element.

На протестите во Појасот Газа повика радикалното движење Хамас. Палестинците го сметаат источен Ерусалим за главен град на нивната држава. Израел го освои и го анектираше Источен Ерусалим во војната во 1967 година, но меѓународната заедница не ја признава анексијата.

Релокацијата на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим беше едно од предизборните ветувања на претседателот Доналд Трамп. Во меѓувреме, амбасадата беше отворена со присуство на ќерката на Трамп, Иванка и нејзиниот сопруг  Џаред Кушнер.

Новата американска амбасада во Ерусалим беше отворена попладневоФотографија: Reuters/R. Zvulun

„Ова е голем ден за Израел“, твитна Трамп утрово.

Денешниот судир на границата меѓу израелската армија и приврзаниците на Хамас е најголем од војната во 2014 година.

Исмаил Радван, висок функционер на Хамас, изјави дека протестите против Израел на границата ќе продолжат „додека не се постигнат правата на Палестинците“.

Најголемиот дел од жртвите настрадаа во јужните градови во Појасот, Кан Јунис и Рафах. Израелските трупи со дронови исфрлаа солзавец за да ја разбијат толпата демонстранти, а постојано се слушаа и рафални истрели.
Дел демонстранти успеаја да стигнат на 150 метри од граничната ограда, а репортерите на теренот тврдат дека виделе како сите биле застрелани во нозете од израелските трупи.

Палестинците го користат чадот како заштита од израелските снајпериФотографија: Reuters/I. Abu Mustafa

Насекаде околу демонстрантите може да се види густ црн чад од запалените гуми. Демонстрантите го користат чадот како заштита од израелските снајпери кои се поставени на песочните ридови од другата страна на границата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми